Deuteronomy (22/34)  

1. Ако видиш теле од братот твој или овца негова заскитана на пат, не оставај ги, туку потерај ги кај братот твој;
2. ако, пак, братот твој, не е близу до тебе, прибери ги во домот твој, и нека останат кај тебе, додека братот твој не ги побара, и тогаш врати му ги;
3. така постапувај со оселот негов, така постапувај со облеката негова, така постапувај со секоја загубена работа на братот твој, што тој ке ја загуби, а ти ја најдеш: од тоа не смееш да се отклонуваш.
4. Ако го видиш оселот на братот твој или телето негово, паднати на патот, не оставај ги, туку крени ги со него заедно.
5. Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господа, твојот Бог.
6. Ако најдеш на патот птичје гнездо на некое дрво или на земја, со птички или јајца, и мајката седи над птичките или на јајцата, не ја земај мајката заедно со малите:
7. мајката пушти ја, а малите земи ги, за да ти биде добро, и да ти се продолжат деновите твои.
8. Ако градиш нова кука, направи околу неа ограда, за да не предизвикаш убиства, ако падне некој од неа.
9. Да не садиш во лозјето твое лози различни, па да не се осветат плодот и семињата, со кои ке го посееш плодот на лозјето твое.
10. Да не ораш со јунец и осел заедно.
11. Да не облекуваш облека, ткаена мешано од волна и лен заедно.
12. Направи си рески на четирите краишта од наметката твоја, со која се наметнуваш.
13. Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази,
14. и ја обвини за порочни дела и пушти лоши зборови за неа, и каже: ‘ја зедов оваа жена, влегов при неа, и не ја надов девица‘,
15. тогаш таткото на момата и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на момата при старешините пред портата;
16. и таткото на девојката нека им каже на старешините: ‘му ја дадов керката моја за жена на овој човек, а сега тој ја намрази,
17. и ете, ја обвинува за порочни дела, велејки: "не ја најдов керката твоја девица"; но еве ги девствените белези на керката моја.‘ И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините од тој град.
18. Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат,
19. и да го глобат со сто сикли сребро, и тоа да му го дадат на таткото од девојката, поради тоа што нанел зло на израилска девица; таа, пак, да си остане негова жена, и тој да не може да се разведе од неа преку целиот живот.
20. Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица,
21. тогаш нека ја доведат момата пред вратата на таковата и кука, и градските мажи нака ја каменуваат до смрт, бидјки извршила срамно дело во Израилот, го осквернила татковиот дом; така истребувајте го злото од себе.
22. Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена, тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт: и мажот кој лежел со жената, и жената: така истребувајте го злото од Израилот.
23. Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа,
24. тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги претепате со камења до смрт: момата поради тоа што не викала во градот, а мажот, поради тоа што ја осквернил свршеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе.
25. Ако, пак, некој сретне во полето мома свршена, па ја силува, да биде погубен само мажот, кој лежел со неа,
26. а на момата не правете и ништо; кај момата нема грев за смрт: тоа е исто, како кога некој стане против ближниот свој и го убие;
27. бидејки тој ја сретнал во полето, а свршената мома и да викала, немало кој да ја спаси.
28. Ако некој сретне девица несвршена, па ја силува, и ги затечат,-
29. тогаш оној, што лежел со неа, да му даде на таткото од момата педесет дидрахми во сребро, а таа да биде негова жена, бидејки тој ја осрамотил; преку целиот живот свој тој не може да се разведе од неа.
30. Никој не смее да ја земе жената на таткото свој и да го открива крајот од покривката таткова.

  Deuteronomy (22/34)