Deuteronomy (20/34)  

1. Кога ке излезеш во војна против непријателите твои и ке видиш коњи и многу лу е, повеке од тебе, не бој се од нив, бидејки Господ, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја, е со тебе.
2. Кога, пак, ке влезете во борба, свештеникот нека се приближи и нека му зборува на народот,
3. и да му каже: ‘слушај, Израиле, вие денес влегувате во бој против вашите напријатели, да не ослабува срцето ваше, не бојте се, не збунувајте се и не отстапувајте од нив,
4. бидејки Господ, вашиот Бог, оди со вас, за да се бори за вас против вашите непријатели и да ве спаси.‘
5. Надзорниците, пак, нека му речат на народот, и нека му кажат: кој изградил нова кука и не се вселил во неа, нека си оди и да се врати во домот свој, за да не умре во бојот, а друг да се настани во неа;
6. и кој насадил лозје и не го обрал, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не умре во бојот, а друг да собере се;
7. и кој се свршил и не се оженил, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не умре во бојот, а друг да ја зема свршеницата негова.‘
8. Надзорниците нека му кажат уште на народот и нека му речат: ‘кој е плашлив и малодушен, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не ги направи плашливи срцата на браката свои, како неговото срце.‘
9. Откако надзорниците ке му го кажат тоа на народот, да изберат воени началници и водач на народот.
10. Кога ке се приближиш до некој град, за да го преземеш, предложи му мир.
11. Ако се согласи на мир со тебе и ти ги отвори портите, целиот народ што се нао а во него, ке ти плака данок и ке ти работи.
12. Ако, пак, не се согласи на мир со тебе, и почне да војува против тебе, опколи го;
13. и, кога Господ, твојот Бог, ке го предаде во рацете твои, погуби со сечилото на мечот се што е машко кај него;
14. само жените и децата, добитокот и се што има во градот, запленете го за себе и користи се со пленот на непријателите свои, кои Господ, твојот Бог, ти ги предал.
15. Така постапи со сите градови, што се многу далеку од тебе, а кои не се градови на тие народи.
16. Но во градовите на оние народи, кои Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш земјата нивна, не оставај ни една жива душа,
17. туку предај ги на заклетва: Хетејците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Јевусејците и Гергесејците, како што ти беше заповедал Господ, твојот Бог,
18. за да не ве научат да ги правите сите нивни гнасотии, какви што им правеле тие на своите богови, за да не грешите и вие пред Господа, вашиот Бог.
19. Кога опсадуваш долго време некој град, за да го преземеш и завладееш, не сечи ги дрвјата негови, кои се во шумата, туку користи ги плодовите нивни за храна, и не опустошувај ја околината, бидејки дрвото во полето не е човек, за да избега од тебе во тврдината;
20. но оние дрвја, за кои знаеш дека не даваат никакви плодови, можеш да ги повредуваш и сечеш и од нив да правиш скало за градот, кој ти објавил војна, се додека не го покориш.

  Deuteronomy (20/34)