Deuteronomy (2/34)  

1. "Кога се вративме и тргнавме по пустињата кон Црвено Море, како што ми беше рекол Господ, и многу време одевме околу планината Сир.
2. И Господ ми рече, велејки:
3. ‘Доста одевте околу таа планина, свртете се, пак, кон север.
4. Заповедај му на народот и кажи му: "Kе поминете сега низ пределите на вашите брака, синовите Исавови, кои живеат со Сир, и тие ке се исплашат од вас, и ке се ужасат.
5. Но вие на започнувајте со нив војна. Јас нема да ви дадам од земјата нивна ни една стапка, зашто планината Сир со жреб им ја дадов на синовите Исавови.
6. Храна купувајте од нив со сребро и јадете; и вода купувајте од нив според цената и пијте;
7. зашто Господ, Бог твој, те благослови во секое дело на твоите раце, сети се како помина, додека патуваше ти по таа голема и страшна пустиња; ете, четириесет години Господ, Бог твој, е со тебе; ти од ништо не се лишуваше.‘
8. И минавме покрај нашите брака, синовите Исавови, кои живеат во Сир, по арабискиот пат, од Елон и Гесион - Гавер, па свртивме и го изминавме патот во пустињата Моав.
9. И му рече Господ: ‘Не се карајте со Моавците, ниту почнувајте со нив војна; зашто Јас не ви дадов со жреб ништо од земјата нивна, бидејки Јас им дадов на Лотовите синови да го наследат Ароир.‘
10. Порано таму живееја Омините, народ голем, многуброен и силен како Енаковците,
11. и се сметаа ме у Рафаините за Енаковците; Моавците, пак, ги нарекуваа Омини.
12. А во Сир живееја порано Хорејците; но синовите Исавови ги изгонија и ги истребија од пред себе и се населија наместо нив - така, како што постапи Израилот со земјата на своето наследство, што им го беше дал Господ.
13. ‘И сега, станете и преминете ја долината Заред. ‘И ние ја минавме долината Заред.
14. Откако отидовме во Кадес-Варни и ја минавме долината Заред, поминаа триесет и осум години, додека во таборот не изгинаа сите мажи, годни за војна, според она како што им се беше заколнал Господ Бог;
15. пак и раката Господова беше против нив, истребувајки ги од логорот, дедека сите не изумреа.
16. И тогаш, кога изгинаа сите мажи, годни за војна, и тие умирајки ме у народот,
17. Господ ми рече, велејки:
18. ‘Ти минуваш сега покрај пределите Моавски, наречени Ароир,
19. и кога ке се приближиш до Амоновите синови, не судрувај се со нив, ниту почнувај со нив војна, зашто Јас нема да ти дадам ништо во наследство од земјата на Амоновите синови, бидејки им ја дадов на Лотовите синови со жреб.‘
20. Таа се сметаше за земја на Рафаините: порано живееја во неа Рафаините; Амонитите, пак, ги нарекуваа Зомијци;
21. тие беа народ голем, многуброен и јак како Енаковците, и Господ ги истреби пред лицето нивно, и Амонитите ги изгонија и се населија на местото нивно,
22. како што направи за синовите Исавови, кои живеат во Сир, истребувајки ги пред нив Хорејците, и тие ги изгонија, и се населија на местото нивно и живеат до ден денес.
23. И Евејците, што живееја во Асирот дури до Газа, Кападокијците, кои беа излегле од Кападокија, ги истребија и се населија на местото нивно.
24. ‘Станете, тргнете и минете во долината на Арнон; ете, го предавам во раката твоја Сион, царот есевонски, Амореец, и неговата земја; почни да ја наследуваш и војувај против него;
25. од денес Јас ке почнам да сеам страв и ужас пред тебе врз народите под целото небо; оние, што ке чујат за тебе, ке се смутат и ке се разболат од лицето твое.‘
26. И испратив пратеници од пустињата Кадамот при есевонскиот цар Сион, со мирни зборови, за да кажат:
27. ‘Дозволи ми да минам преку твојата земја; ке одам по патот, нема да скршнувам ни десно ни лево;
28. храна продавај ми за пари, и јас ке јадам, и вода продавај ми за пари, и јас ке пијам; само со нозете мои да минам.‘
29. Така, како што му дозволија синовите Исавови, кои живеат во Сир, и Моавците од Ароир, додека не минам преку Јордан во земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава.
30. Но есевонскиот цар Сион не се согласи да минеме преку земјата негова, зашто Господ, Бог наш, го ожесточи духот негов и срцето му го окорави, за да го предаде во раката твоја, како што тоа се виде сега.
31. И му рече Господ: ‘Ете, Јас почнав да ти го предавам Сиона, царот есевонски, Амореецот, и земјата негова; почнувај да ја населуваш земјата негова.‘
32. И сион, царот есевонски, со целиот народ свој излезе против нас во бој при Јаса;
33. и го предаде Господ, Бог наш, во рацете наши и ние го разбивме него, синовите негови и целиот народ негов.
34. Тогаш ги презедовме сите градови негови, ги разоривме сите градови, а и жените и децата не ги оставивме живи;
35. само добитокот им го зедовме и пленот од градовите, што ги презедовме.
36. Од Ароир, кој е при устието на потокот Арнон, и од тој град, кој е во долината, до планината Галад, немаше град, непристапен за нас: се‘ ни предаде Господ, Бог наш, во рацете наши.
37. Само кон земјата на Амонитите не пристапивме ниту до местата, блиски до потокот Јавок ниту кон градовите по планината, ниту до се‘, за кое не ни заповеда Господ, Бог наш.

  Deuteronomy (2/34)