Deuteronomy (19/34)  

1. Кога Господ, твојот Бог, ке ги истера народите, замјата нивна што ти ја дава Господ, твојот Бог, и ја наследиш по нив, и се населиш во градовите нивни, и куките нивни,
2. тогаш оддели три града во земјата своја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство;
3. изгради си пат и раздели ја на три дела сета земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство; тие да служат за засолниште на секој убиец.
4. А еве кој убиец може да се засолни таму и да остане жив: оној што ке убие ближен свој без умисла, и да не му бил непријател вчера, и завчера;
5. оној што ке отиде со другарот свој во шума да собира дрва, па му се слизне раката со секирата, за да пресече дрво, и испадне острицата од дршката, го погоди другарот негов, и тој умре, - таков нека се засолни во еден од тие градови, за да остане жив,
6. за да не го подгони одмаздникот за крв со разјарено срце убиецот и да го стигне, па, ако патот биде долг, и го убие, но тој не смее да се осуди на смрт, бидејки не му бил непријател ни вчера, ни завчера;
7. затоа и ти заповедав, велејки ти: оддели си три града.
8. Кога пак Господ, твојот Бог, ке ги рашири твоите граници, како што се беше заколнал на татковците твои, и ти ја даде сета земја, што им ја беше ветил на татковците твои,
9. ако се трудиш да ги исполнуваш сите овие заповеди, што денес ти ги заповедам, да Го сакаш Господа, твојот Бог, и да одиш по Неговите патишта во сите денови, - тогаш кон тие три града додај уште три града,
10. за да не се пролева невина крв во замјата твоја, што ти ја дава Господ, твојот Бог, во наследство за да не бидеш обвинет поради крв.
11. Но ако има некој човек при тебе непријател на ближниот свој и го начека, па се нафрли на него и го истепа така, што тој умре, и избега во еден од оние градови,
12. старешините на тој град да испратат, да го земат оттаму и да го предадат во рацете на одмаздникот за крвта и да умре.
13. Да не го поштеди окото твое: очисти ја крвта на невиниот од Израилот, и ке ти биде подобро.
14. Не ја преместувај ме ата на пределот од ближниот свој, поставена од татковците твои во твоето наследство, што си го добил во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава тебе со жреб.
15. Не е доволен еден сведок против човек за каков и да било обид, престап или некој грев, со кој згрешил: при сведочењето на двајца сведоци, или со зборовите на тројца сведоци се донесува решение.
16. Ако против некого излезе неправеден сведок, обвинувајки го за престап,
17. и обајцата, на кои им се суди, нека застанат пред Господа, пред свештениците и пред судиите, што ке се најдат во тие денови;
18. и судиите нека ги испитаат добро, па ако оној лажлив сведок лажно сведочи против братот свој.
19. направете му го она што го беше намислил да му го направи на братот свој: така исчистете го злото од вас самите.
20. И другите ке чујат, па ке се уплашат, и нема во иднина да прават такво зло при вас.
21. Да не го поштеди окото твое: душа за душа, око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога. Каква штета некој ке му направи на ближниот свој, таква да му се врати.

  Deuteronomy (19/34)