Deuteronomy (17/34)  

1. Не принесувај жртва на Господа, твојот Бог, вол, или овца, кои се повредени, или имаат некаков недостаток, бидејки тоа е гнасотија пред Госпдоа, твојот Бог.
2. Ако се најде при тебе во еден од градивите твои, кои Господ, твојот Бог, ти ги дава, маж или жена, што ке направи зло пред Господа, твојот Бог, и со тоа го престапат заветот Негов,
3. па тргнат и почнат да им служат на други богови, и им се поклонуваат ним, или на сонцето, или на месечината, или на се што е небески, кое Јас не сум го заповедал,
4. и ти биде соопштено, и ти провериш добро; па, ако тоа е вистина, ако е направена таква гнасотија во Израилот,
5. изведете ги тој маж, или таа жена, што го направиле тоа зло, пред вратата и убијте ги со камења, за да умрат.
6. Според зборовите на двајца или тројца сведоци осудениот на смрт треба да умре: не смее да се погубува само на еден сведок;
7. прво раката на сведоците треба да падне врз него, за да биде убиен, потоа рацете на целиот народ; така истребете го злото од вас самите.
8. Ако по некое дело ке биде тешко за тебе да пресудиш ме у крв и крв, ме у суд и суд, ме у рана и рана, и ме у расправа и расправа на судиите од твоите градови, стани и оди во местото, што ке го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму,
9. и пријди кај свештениците левити и при судијата, што ке биде во тие денови, прашај ги, и тие ке ти кажат, како да пресудиш.
10. И постапи, онака како што ке ти кажат на местото што ке го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму, и гледај да извршиш се што ке ти кажат тие;
11. според законот и според пресудата што ке ја кажат, постапи така и не отстапувај ни десно ни лево од она, што ке ти го кажат тие.
12. А кој ке постапи гордо, и не ке го послуша свештеникот, што е таму на служба пред Господа, твојот Бог, или судијата, што ке биде во тие денови, тој треба да умре. - Така исчистете го злото од Израилот;
13. па целиот народ ке чуе, и ке се уплаши, и во иднина нема да постапуав нечесно.
14. Кога ке влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава со жреб, и ја примиш, и се населиш во неа, и речеш: ‘ке си поставам кнез, како другите соседни народи‘, -
15. постави си кнез, кого Господ, твојот Бог, ке го избере, потави си кнез од браката твои; не смееш да поставиш за кнез ту инец, кој не е твој брат.
16. Но тој да не ги умножува коњите свои и да не го врати народот во Египет, за да ги умножи коњите свои, бидејки Господ ви рече: ‘не обидувајте се да се вратите веке по тој пат‘;
17. и да не ги умножува жените свои, за да не се разврати срцето негово, и да не натрупува сребро и злато прекумерно.
18. А кога ке седне со власт на престолот, нека си направи препис на овој закон од книгата, што се нао а кај свештениците левити,
19. и нека ги држи кај себе и нека го чита во сите денови на неговиот живот, за да се научи да се бои од Господа, својот Бог, и да ги пази и да ги исполнува сите овие заповеди и наредби;
20. за да не се возгордее срцето негово пред неговите брака, и да не отстапува од законите ни десно, ни лево, за да остане на власт многу години, тој и синовите негови во Израилот.

  Deuteronomy (17/34)