Deuteronomy (16/34)  

1. Набљудувај го месецот на новите плодови и празнувај ја Пасхата на Госпдоа, твојот Бог, зашто во новиот месец си излегол од Египет, ноке.
2. И коли пасха на Господа, твојот Бог, од говедата твои и од овците твои, на местото, што ке го одбере Господ, за да се призовува името Негово таму.
3. Не јади на неа леб со квас: седум дена јади на неа бескавасни лебови, лебови на маките, бидејки набрзина излеговте од Египет, за да го поминте денот на вашиот исход од Египетската земја;
4. ништо со квас да нема при тебе во сите твои предели во текот на седумте дена, и од месото, што си го принел како жртва вечерта на првиот ден ништо не смее да пренокева.
5. Не смееш да колеш пасха ни во еден од градовите твои, што Господ, твојот Бог ке ти ги даде:
6. туку само на она место, што ке го одбере Господ, твојот Бог, за да се призовува вечно името Негово, таму колу пасха навечер, при заодсонце, во она исто време, во кое си излегол од Египетската земја;
7. па свари и испечи и јади на она место што ке го одбере Господ, твојот Бог, а на вториот ден можеш да се вратиш во домот твој.
8. Шест дена јади бесквасни лебови, а седмиот ден е последен ден од празникот на Господа, твојот Бог; не врши никаква работа.
9. Изброј седум седмици; почни да ги броиш седумте седмици, откога ке го сравиш српот на жетвата;
10. тогаш празнувај го празникот Седмици на Господа, твојот Бог, според она колку што може да даде раката твоја, во кое што те благословил Господ, твојот Бог;
11. и развесели се пред Господа, твојот Бог, ти, синот твој и керката твоја, робот твој и робинката твоја, левитот кој е во градовите твои, и придојдениот, сиромавиот и вдовицата, што се кај тебе, на она место, што ке го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива вечно името Негово таму;
12. помни, дека ти беше роб во Египетската земја, и пази ги и исполнувај ги овие наредби.
13. Седум дена празнувај го празникот Сеници, откако ке ја прибереш жетвата од нивите твои и виното во садовите твои.
14. Па развесели се ти на празникот твој, синот твој и керката твоја, робот твој и робинката твоја, левиотот и придојдениот, сиромавиот и вдовицата, кои се во градовите твои;
15. седум дена прославувај Го Господа, твојот Бог, на она место, што ке го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива таму името Негово, бидејки ке те благословува Господ, твојот Бог, во сите плодови твои и во секоја работа на рацете твои и ти само ке се веселиш.
16. Трипати во годината секое машко треба да се јавува пред Господа, твојот Бог, на местото, што ке го одбере Он, на празникот Бесквасници, на празникот Седмици и на празникот Сеници; и никој не смее да се јавува пред Господа со празни раце,
17. но секој со дар во раката, според благословот од Господа, твојот Бог, од она што ти го дан Он.
18. Во сите твои градови, кои Господ, твојот Бог, ти ги дал, постави си судии и надзорници според племињата свои, за да му судат на народот со праведен суд;
19. на искрувувај го законот, не гледај на лице и не замај дарови, бидејки подароците ги залепуваат очите на мудрите и го изопачуваат делото на правите;
20. праведен суд барај, за да бидеш жив и да отидеш да ја наследиш земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава.
21. Не посадувај шумичка било од какви и да е дрвја покрај жртвеникот на Господа, твојот Бог, што ке си го подигнеш;
22. и не гради друг жртвеник, бидејки тоа го мрази Господ, твојот Бог.

  Deuteronomy (16/34)