Deuteronomy (15/34)  

1. Во седмата година проштавај!
2. И ова е заповед за простувањето: секој кој што дал на заем на ближниот свој, нека му го прости; целиот долг да не го бара од ближниот свој, или од братот свој, бидејки тоа е простување заради Господа, твојот Бог;
3. од ту инецот барај го она што го имаш кај него; а на братот твој прости му го долгот,
4. за да нема кај тебе сиромав; зашто Господ ке те благослови во онаа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел, за да ја добиеш во наследство.
5. Доволно е само да го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и да ги пазиш и да ги исполнуваш сите овие заповеди, кои денес ти ги заповедам;
6. зашто Господ, твојот Бог, ке те благослови, како што ти говорел, и ти ке даваш заем на многу народи, а самиот нема да земаш заем; и ке владееш со многу народи, а над тебе нама да владеат.
7. Ако, пак, имаш некој брат сиромав во еден од градовите твои, во земјата твоја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава, не го одвракај срцето свое и не ја стискај раката своја пред твојот брат што има потреба,
8. туку отвори му ја раката своја и дај му заем, колку што му треба и колку што му недостасува;
9. пази се‘, да не влезе во срцето твое лукава мисла: па да речеш ‘наближува седмата година, година на простувањето‘ и да не стане окото твое злобно спрема твојот сиромав брат, што има потреба и да му откажеш; зашто тој ке повика против тебе пред Господа, и на тебе голем грев ке падне;
10. подај му драговолно заем, колку што сака и колку што му треба, а кога му даваш, да не ти се нажали срцето твое, бидејки Господ, твојот Бог, ке те благослови за тоа во сите твои работи и во се‘, што го вршат рацете твои;
11. зашто сиромаси ке има секогаш во земјата твоја; затоа и ти заповедам, велејки ти: отворај ја вратата твоја за твојот брат, за твојот беден и за оној што моли во земјата твоја;
12. ако ти се продаде твојот брат, Евреин, или Еврејка, тој треба шест години да ти работи, а седмата година пушти го на слобода;
13. кога, пак, го пушташ на слобода, не отпуштај го со празни раце,
14. туку дарувај го со нешто од овците твои, од пченицата твоја и од виното твое: дај му од она, со кое те благословил Господ, твојот Бог;
15. помни, дека и ти беше роб во Египетската земја, и Господ, твојот Бог, те ослободи; ете затоа и ти го заповедам денес ова.
16. Ако, пак, ти каже: ‘не сакам да си одам од кај тебе, зашто те засакав тебе и домот твој‘, бидејки ми е добро кај тебе,
17. земи шило и продупчи му го увото на степеникот пред вратата; и тој ке ти биде роб засекогаш. Така направи и со робинката твоја.
18. За да не ти биде тешко, поради тоа што си должен да го пушташ на слобода, бидејки тој ти изработил во текот на шесте години двојно повеке - отколку платен наемник, затоа Господ, твојот Бог, ке те благослови во се‘, што и да правиш.
19. Секое машко првородено, што ке се роди од говедата твои и од овците твои, посветувај го на Господа, твојот Бог: не работи со провородениот вол свој и не стрижи го првороденото од овците твои;
20. тоа јади го ти и челадта твоја пред Господа, твојот Бог, секоја година, на местото, што ке го одбере Господ, твојот Бог;
21. ако, пак, тоа биде со недостаток, - хромо, или слепо, или со некој друг недостаток, не принесувај го како жртва на Господа, твојот Бог,
22. но во градовите твои нека се јаде; нечист и чист може да јаде како што се јаде срна и елен;
23. само крвта не јади му ја: истурај ја на земја како вода.

  Deuteronomy (15/34)