Deuteronomy (13/34)  

1. Ако излезе пред тебе некој пророк, или толкувач на соништа, и ти покаже знак или чудо,
2. и ако се оствари тој знак или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа ти рече: ‘да одиме да служиме на други богови, кои ти не ги познаваш,‘
3. ти не го слушај гласот на таков пророк, или на таков толкувач на соништа; бидејки преку тоа Господ, вашиот Бог, ве искушува, за да дознае, дали Го сакате Господа, вашиот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.
4. Господа, вашиот Бог, следете Го, бојте се од Него, извршувајте ги Неговите заповеди и слушајте го гласот Негов, и Нему служете Му и бидете приврзани кон Него.
5. А оној пророк, или оној толкувач на соништа да биде осуден на смрт, поради тоа што те измамил да се откажеш од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја и те избави од домот на ропството, зашто сакал да те одврати од патот, по кој Господ, твојот Бог, ти беше заповедал да одиш; така истребете го злото од околината ваша.
6. Ако тајно те наговорува братот твој од твојот татко или од мајката твој, или твојот син, или керката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кои е за тебе како душата твоја, па ти рече: ‘да одиме и да им служиме на други богови‘, што не ги познаваше ти и твоите татковци,
7. на боговите на оние народи, што се околу тебе, од едниот крај на земјата до другиот, -
8. не се согласувај со него и не го слушај; и да не ти се смили окото твое над него, не го жали и не го сокривај,
9. туку убиј го; прво твојата рака нека биде врз него, за да го убие, - а потоа рацете на целиот народ;
10. убиј го со камења, да умре; бидејки тој сакал да те отстрани од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја, од домот на ропството.
11. Целиот Израел да го чуе тоа и да се исплаши, и нема во иднина да прави пред тебе такво зло.
12. Вие сте синови на Господа, вашиот Бог; не правете зарези на телото свое и не ја стрижете косата над очите свои за умрено;
13. зашто вие сте свет народ на Господа, вашиот Бог, и Господ вас ве избра од сите народи, што се на земјата, за да бидете Негов народ.
14. Не јади ништо нечисто.
15. Свој добиток можете да јадете: телци од говедата, и јаганци од овците, и козли од козите;
16. елен, срна, бивол, кошута, зебра и дива коза.
17. Секое животно што има разделени копита и на двете копита длабок зарез, и добитокот што прежива, јадете го.
18. Од оние, што преживаат и имаат разделени копита со длабок зарез, не јадете само: камила, питом зајак и див зајак, зашто тие, иако преживаат, нивните копита не се разделени: тие се нечисти за вас;

  Deuteronomy (13/34)