Deuteronomy (12/34)  

1. Ова се наредбите и законите, што сте должни грижливо да ги исполнувате во земјата, која Господ, Бог на татковците, ви ја дава со жреб за сите денови, во кои ке живеете во таа земја.
2. Разрушете ги сите места, каде што народите им служеле на боговите свои; се‘ што ке земете по високите планини и височини и под секое разгранато дрво;
3. разурнете ги жртвениците нивни и скршете ги столбовите нивни, изгорете ги со оган дабовите нивни и здробете ги идолите на боговите нивни, сотрете го и името нивно од тоа место.
4. Да не Му правите такво нешто на Господа, вашиот Бог;
5. но обрнувајте се кон она место, кое Господ, Бог ваш, ке го избере од сите племиња ваши, за да го спомнувате името Негово да го призивате и да Го молите, и таму одете:
6. таму принесувајте ги своите сепаленици, жртвите ваши и првините ваши, заветите ваши, доброволните приноси, исповеданијата ваши, и првородените од воловите ваши и од овците ваши:
7. и таму јадете пред Господа, вашиот Бог, и веселете се вие и домовите ваши за се‘, приготвено од рацете ваши, со кое те благословил Господ, твојот Бог.
8. Таму не треба да правите се‘ онака, како што сега овде го правите, - секој, како што му се чини дека е добро;
9. зашто сега уште не сте влегле во местото на спокојот и во наследството, што Господ, вашиот Бог, ви го дава.
10. Но кога ке го преминете Јордан и ке се населите во земјата, која Господ, вашиот Бог, ви ја дава како дел, и кога ке ве успокои од сите непријатели ваши, што ве опкружуваат, и заживеете базбедно,
11. тогаш, во она место, што ке го одбере Господ, вашиот Бог, за да се призива таму името Негово, таму принесувајте се‘, што ви заповедам денес: сепаленици ваши, жртвите ваши, десетоците ваши, и првините од рацете ваши, и секој ваш избран дар, што ке Му го ветите на Господа, вашиот Бог.
12. И веселете се пред Господа, вашиот Бог, вие и синовите, керките ваши, робовите ваши, робинките ваши и левитите, кои се среде живеалиштата ваши, бидејки тие немаат дел и наследство со вас.
13. Гледај да не ги принесуваш сепалениците свои на секое место, што ке го видиш,
14. туку само на она место принесувај ги сепалениците свои, кое Господ, твојот Бог ке го одбере во едно од твоите племиња, и прави се‘ онака како што ти заповедам денес.
15. Зашто, кога и да посака душата твоја, можеш да колеш и да јадеш, по благослов од Господа, твојот Бог, месо, што ти го дал Он, во сите свои живеалишта: нечист при тебе и чист може да го јаде тоа како што се јаде срна и елен;
16. само крв не јадете, истурајте ја на земјата како вода.
17. Не треба да го јадеш во твоето живеалиште десетокот од твоето жито, твоето вино и твојот елеј од воловите твои, и од овците твои што си ги ветил, и од сите завети твои, што сте ги ветиле, и од доброволните приноси и од првините на рацете ваши,
18. но јади го пред Господа, твојот Бог, само на она место што го одбрал Господ, твој Бог, ти и синот твој, и керката твоја, и робот твој, и робинката твоја, и левитот, и придојдениот во градовите твои: и развесели се пред Господа, твојот Бог, во се‘ на што е ставена раката твоја.
19. Внимавај да не го заборавиш левитот за сето време додека си жив на земјата.
20. Кога ке ги рашири Господ, твојот Бог, пределите твои, како што ти беше говорел, и ти ке кажеш: ‘да јадам месо‘, зашто душата твоја ке посака да јаде месо, - тогаш јади месо, колку што ти сака душата твоја.
21. Ако биде далеку од тебе местото, што ке го избере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму, тогаш коли од воловите твои, и од овците твои, што ти ги дал Господ, твојот Бог, како што ти заповедав, и јади во градовите твои, колку што ти сака душата;
22. но јади ги така, како што се јаде срна и елен; нечист, како и чист при тебе можат да го јадат тоа.
23. Само пази добро, да не се јаде крвта, зашто крвта е душа: не ја јади душата заедно со месото;
24. на јади ја: истурај ја на земја како вода;
25. не јади ја, за да ти биде добро тебе и на синовите твои по тебе секогаш, ако вршиш што е добро и угодно пред очите на Господа, твојот Бог.
26. Само светите дарови твои, какви што ке ги имаш и заветите твои донесувај ги, и доа ај на она место, што ке го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива таму името Негово;
27. и принесувај ги сепалениците твои: месо и крв, врз жртвеникот на Господа, твојот Бог; но крвта од другите твои жртви треба да биде изливана при жртвеникот на Господа, твојот Бог, а месото јади го.
28. Пази и слушај да ги извршуваш сите тие зборови, што ти ги заповедам, за ти биде добро тебе и на твоите синови по тебе довека, ако правиш добро и угодно пред Господа, твојот Бог.
29. Кога Господ, твојот Бог, ке ги истреби од лицето твое народите, кај кои одиш за да ја наследиш нивната земја, и, откако ја примиш во наследство и ке ги освоиш, ке се населиш во земјата нивна,
30. внимавај да не влезеш во стапица, кога ке тргнеш по нив, откако ке бидат истребени пред тебе, и да не ги бараш боговите нивни, велејки: ‘како што служеле тие народи на боговите свои, така ке правам и јас.‘
31. Да не Му правиш така ти на Господа, твојот Бог; одвратно Му е на Господа што го прават тие на боговите свои, бедејки тие и синовите свои и керките свои ги горат на оган за своите богови.
32. Погрижи се да исполнуваш се‘, што ти го заповедам денес; не додавај кон тоа и не одземај од него.

  Deuteronomy (12/34)