Deuteronomy (11/34)  

1. И така, сакај Го Господа, твојот Бог, и внимавај - она што го заповедал да го пазиш, - и наредбите Негови, и законите Негови, и заповедите Негови во сите денови.
2. Па разберете сега, - бидејки јас не зборувам со синовите ваши, кои не ги знаат и не ги виделе казните од Господа, вашиот Бог, - Неговото величие, Неговата силна рака и Неговата цврста мишка;
3. чудесата Негови и делата Негови, што ги направи среде Египет со Фараонот, царот египетски, и со целата земја негова,
4. и она што го направи Он со египетската војска, со коњите и колите, што ги потопи Он во водите на Црвеното Море, кога тие ве гонеа, - и Господ Бог ги погубува дури и денес, -
5. и што направи Он за вас во пустињата, додека не дојдовте на тоа место,
6. и што направи Он со Датан и Авирон, синовите на Елиав, син Рувимов, кога земјата ја отвори устата и пред целиот Израил ги голтна нив и домовите нивни, и куките нивни и целиот имот, што го имаа;
7. зашто вашите очи ги видоа сите тие големи дела на Господа, што ги направи Он.
8. И така, пазете ги сите Негови заповеди, кои ви ги кажувам денес, за да бидете живи, да се намножите, па да отидете и да ја неследите земјата, сите кои преминувате преку Јордан, за да ја наследите;
9. и да живеете долго време во онаа земја, за која Господ им се заколна на татковците ваши дека ке им ја даде ним, и на поколенијата нивни, земјата, во која тече мед и млеко.
10. Зашто земјата, во кој одиш да ја наследиш, не е како Египетската земја, од која излеговте, каде што ти, одкако ке го посееше семето свое, ја напојуваше со нозете свои, како зеленчукова градина.
11. Земјата, пак, во која одите, за да ја наследите, е земја со планини, и се напојува со вода од небескиот дожд, -
12. земја, за која Господ, твојот Бог, се грижи: очите на Господа, твојот Бог, непрестајно се врз неа, од почетокот на годината и до крајот на годината.
13. Ако ги слушате заповедите Негови, кои ви ги кажувам денес, ако Го сакаш Господа, твојот Бог, и Му служиш од сето срце твое и од сета душа твоја,
14. Он ке и‘ даде на земјата твоја дожд навреме, ран и доцен, и ти ке го собираш житото свое виното свое и елејот свој;
15. И ке му даде трева на полето твое за твојот добиток и ти ке јадеш и ке бидеш сит.
16. Но пази, да не се соблазни срцето твое, па да пристапите и да им служите на други богови и да им се клањате;
17. зашто тогаш ке се разгори гневот на Господа врз вас, и Он ке го затвори небото; и нема да има дожд, и земјата нема да го даде својот плод и вие брзо ке исчезнете од добрата земја, која Господ ви ја даде.
18. И така, ставете ги овие зборови Негови во срцето свое и во душата своја, врзете ги на раката своја како знак, и нека бидат тие врзулка ме у очите ваши;
19. учете ги синовите свои на нив, кажувајте им за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш;
20. и напишете ги врз входот на куките ваши и над вратите свои,
21. за да се умножат вашите денови и деновите на вашите деца во онаа земја, за која Господ се заколна дека ке им ја даде на татковците ваши, колку што небото ке биде над земјата.
22. Зашто, ако ги пазите сите тие заповеди, што ви ги кажувам и ги исполнувате, ако Го сакате Господа, вашиот Бог, ако одите по сите патишта Негови и се приврзете кон Него,
23. тогаш Господ ке ги изгони сите тие народи од пред вас, и вие ке владеете со народи, што се поголеми и посилни од вас;
24. секое место, на кое ке стапи ногата ваша, ке биде ваше: вашите предели ке бидат од пустињата и Антиливан, и од големата река Еуфрат, дури до морето, кое е на запад.
25. Никој нема да ви се противстави вам: Господ, вашиот Бог, ке испрати страв и трепет пред вас врз секоја земја, на која што ке стапнете, како што ви говореше Он.
26. Ете, јас ви давам денес благослов и клетва;
27. благослов - ако ги послушате заповедите на Господа, вашиот Бог, што ви заповедам денес,
28. а клетва - ако не ги послушате заповедите на Господа, вашиот Бог, и се отстраните од патот, што ви го кажувам денес, и тргнете по други богови, што не ги знете.
29. Кога ке те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја во која одиш да ја наследиш, тогаш искажи благослов од планината Гаризин, а проклетство од планината Гевал.
30. Тие планини се од онаа страна на Јордан, по патот кон зајдисонце, во земјата на Хананејците, кои живеат во рамнината, спроти Галгал, близу до високиот даб!
31. Зашто вие го поминувате Јордан, за да отидете да ја наследите земјата, која ви ја дава Господ, вашиот Бог, со жреб, за секогаш; примете ја и населете се во неа.
32. И така, почнете да ги пазите сите Негови наредби и закони, што ви ги предавам денес.

  Deuteronomy (11/34)