Daniel (9/12)  

1. Во првата година од царувањето на Дариј, синот на Асуира, од мидијски род, кој беше поставен за цар над халдејското царство,
2. во првата година на неговото царување, јас, Даниил, го разбрав според книгите бројот на годините за словото што беше му го кажал Господ на Јеремија, дека седумдесет години ке се навршат над опустошениот Ерусалим.
3. И го свртев лицето свое кон Господа Бога со молитва и со молба, во пост, во кострет и пепел.
4. И му се молев на Господа мојот Бог, се исповедам и Му реков: "Те молам, Господи, Боже Велики и чудесен, Кој пазиш на заветот и имаш милост за оние кои Те сакаат и кои ги пазат Твоите заповеди!
5. Згрешивме, постапивме беззаконо, дејствуваме нечесно, се противевме и отстапивме од Твоите заповеди и од Твоите наредби
6. и не ги слушавме Твоите слуги, пророците, кои им зборуваа од Твое име на царевите наши и на достоинствениците наши, на татковците наши и на сиот народ од земјата.
7. Во Тебе, Господи, има правда, а во нас - срам на лицата, како што е денес кај секој Јудеец, при жителите на Ерусалим и во сиот Израил, и кај ближниот и кај далечниот, по сите краишта каде што си ги прогонил заради нивното отстапиништво, со кое отстапија од Тебе.
8. Господи, кај нас на лицата наши има срам, при царевите наши, при кнезовите наши и при татковците наши, зашто згрешивме пред Тебе.
9. А при Господа, нашиот Бог, има милосрденост и проштевање, бидејки ние станавме против Него
10. И не го слушавме гласот на Господа, нашиот Бог за да постапиме според Неговите закони што ни ги дава преку своите слуги - пророците.
11. И сиот Израил го престапи Твојот закон и се одврати за да не го слуша Твојот глас; па затоа врз нас се излеа проклестство и клетва, што се напишани во законот Мојсеев, слугата Божји; оти згрешивме пред Него.
12. И Он ги изврши зборовите Свои што ги кажа против нас и против нашите судии, кои не судеа, испракајки против нас голема беда каква што немало под небесата и каква што се извршува над Ерусалим.
13. Како што е напишано во законот Мојсеев, така не постигна сето тоа зло; но не го молевме Господа, нашиот Бог, за да се ослободиме од беззаконијата свои и да ја разбереме Твојата вистина.
14. Господ внимаваше над тоа зло и го испрати врз нас; оти праведен е Господ нашиот Бог во сите Свои дела што ги врши, но ние не го слушавме гласот Негов.
15. И сега, Господи, Боже наш, Ти што го изведе народот Свој од земјата Египетска со силна рака, Ти ја покажа славата Своја како денес; згрешивме, постапивме нечесно.
16. Господи, по сета Твоја правда нека се одврати гневот Твој и негодувањето Твое од Твојот град, Ерусалим, од Светата Твоја Гора; зашто за гревовите наши и за беззаконијата на татковицте наши Ерусалим и народот Твој е поруган, кај сите, што не опкружуваат.
17. А сега чуј ја, Боже наш, молитвата на Твојот слуга и неговото молење, па заради Тебе, Господи, погледај со светлото Твое лице на опустошеното Твое светилиште.
18. Приклони го, Боже мој, увото Свое и послушај, отвори ги очите Свои и погледај ги нашите пустоши и градот, над кој се призива името Твое; оти ние ги принесуавме молењата свои пред Тебе, надевајки се не на нашата праведност, туку на Твојата голема милосрдност.
19. Чуј Господи, Господи прости ни, Господи погледај и изврши, не забавај поради самиот Тебе, Боже мој, зашто името Твое се призива над Твојот град и над Твојот народ!"
20. Додека зборував и се молев и ги исповедав гревовите свои и гревовите на мојот народ Израилот и ја принесував молбата своја пред Господа, мојот Бог, за светата Гора на мојот Бог,
21. додека ја продолжував молитвата, човекот Гавриил кого го бев видел во поранешното видение, долета брзо, се допре до мене во времето на вечерната жртва,
22. ме вразуми, говореше со мене и рече: "Данииле, сега излегов за да те научам да разбираш.
23. Во почетокот на твоето молење се појави твојот збор и јас дојдов да ти го соопштам, зашто ти си човек сакан; па така, внеси се во зборот и разбери го видението.
24. Седумдесетте седмици се определени за твојот народ и за светиот твој град за да биде покриен престапот, за да бидат запечатени гревовите и избришани беззаконијата, за да биде доведена вечната правда, за да биде запечатено секое видени и пророк и да биде помазан Светиот на светиите.
25. И така, знај и разбери: од времето кога излезе законот за обновување на Ерусалим, до Христа Владиката се седум седмици и шеесет и две седмици; и ке се врати народот и одново ке се изградат улици и sидовите, но во тешки времиња.
26. И по шеесет и двете седмици Христос ке биде предаден на смрт и суд нема да има: а градот и светилиштето ке бидат разрушени од народот на водачот што ке дојде, и крајот ке му биде како од поплава, и до крајот на војната ке има опустошување.
27. И во една седмица ке го потврди заветот за мнозина, а во половината на седмицата ке престане жртвата и приносот, а на крилото од светилиштето ке настапи мерзост на запустувањето и крајот на предопределената погибел ке го постигне опустошителот."

  Daniel (9/12)