Daniel (8/12)  

1. Во третата година од царувањето на царот Валтазар, јас Даниил, имав второ видение по оние што ми се беа јавиле порано.
2. И видов во видението, и кога гледав, јас бев во Суза, престолнината на Еламската област, и видов во видението како да бев при реката Улај.
3. Ги кренав очите и видов: а таму при реката стои еден овен: тој имаше два рога и рогови високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот се извиши подоцна.
4. Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден sвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили.
5. Со внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден козел, кој ја изоди целата земја, не допирајки се до неа; и тој козел имаше знаменит рог ме у очите свои.
6. Се впушти врз оној овен што имаше рог и кога го видов како стои крај реката, тој се фрли врз него со силна јарост.
7. И видов кога тој се приближи до овенот, свирепи се фрли на него и му ги скрши двата рога; и на овенот не му стигаа силите да устои против него, па затоа го кутна на земја и го згази, и немаше никој овенот да го избави од него.
8. Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни.
9. И од едниот од нив излезе среден рог, кој нарасна многу спрема југ и спрема исток и спрема убавата страна,
10. па се издигна до небесната војска, собори на земјата дел од таа војска и од sвездите и ги смачка;
11. се издигна дури и над Водачот на таа војска, Му ја одзеде секојдневната жртва и го урна местото на Неговата светиња;
12. и војската беше предадена заедно со секојдневната жртва поради бесчестието; а тој, откако ја собори вистината на земајта, дејстуваше и успеваше.
13. И чув еден од светиите да зборува, и тој светија му рече на еден кој прашуваше: "До кога ке трае тоа видени за секојдневната жртва и за бесчесното опустошување, кога светлината и војската беа стапкани?"
14. И ми рече: "Две иљади и триста вечери и утрини; и тогаш светилиштето ке се очисти."
15. И кога јас, Даниил, го гледав тоа видение и замолив за неговото значење, ете пред мене застана некаков лик на човек.
16. И чув од средината на Улај човечки глас, кој извика и рече: "Гаврииле, објасни му го тоа видение!"
17. И се приближи тој до местото каде што стоев и кога дојде, јас се уплашив и паднав ничкум; а тој ми рече - знај сине човечки дека видението се однесува на крајот од времето.
18. И кога зборуваше тој со мене, јас лежев ничкум на земјата без чувства; но тој се допре до мене и ме постави на моето место,
19. па ми рече: "Еве ти откривам што ке биде во последните денови на гневот; зашто тоа се однесува на крајот од определеното време.
20. Овенот со двата рога што ги виде тоа се мидијскиот цар и персискиот.
21. А косестиот козел е царот на Грција, додека големиот рог што се нао а ме у неговите очи, тој е нејзиниот прв цар:
22. тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ке се издигнат од тој народ, но не со негова сила.
23. А кон крајот на царството нивно кога отстапниците ке ја исполнат мерката на своите беззаконија, ке се издигне еден цар бесремен и искусен во сплеткарење;
24. неговата мок ке се зацврсти, иако не со неговата сила; тој ке врши чудни пустошења и ке успева, ке дејствува и ке погубува јунаци и народи на светиите;
25. со умот негов ке напредува и сплеткарството во раката негова; во срцето ке се возгордее и во мирно време ке погуби мнозина; тој ке се крене против Кнезот над кнезовите, но ке биде победен - не со рака.
26. А видението за вечерта и утрината за кое ти се рече е вистинско, но ти сокри го тоа видение оти се однесува на далечни времиња."
27. Јас, Даниил, истоштен и болен бев неколку дни, потоа станав и почнав да се занимавам со царските работи; се чудев на тоа видение и не го разбирав.

  Daniel (8/12)