Daniel (7/12)  

1. Во првата година на Валтазара, вавилонскиот цар, Даниил виде сон пророчки и виденија во главата своја врз своето легло. Тогаш тој го запиша тој сон, откако го забележа главното.
2. И почна да зборува Даниил, па рече: "Видов во нокното свое видение, а таму, четири небесни ветра се бореа над големо море,
3. и четири големи sвера излегоа од морето, секој поинаков од другиот.
4. Првиот беше како лав, но со криља орлови: гледав додека не му ги искубаа криљата и потоа беше кренат од земјата, се исправи на нозете како човек и му се даде човечко срце.
5. И ете, уште еден sвер, втор, сличен на мечка, стоеше од едната страна и имаше три ребра во устата негова, ме у забите; нему му беше речено ова: "стани и јади многу месо!"
6. Потоа видов, пак, уште еден sвер, како леопард: на грбот имаше четири криља од птица, и четири глави имаше тој sвер, и му беше дадена власт.
7. Потоа видов од нокните виденија и ете, четврти sвер, страшен и ужасен и многу силен; имаше големи железни заби; тој јадеше и здробуваше, а остатоците ги газеше со нозете; тој се разликуваше од сите поренешни sверови, и имаше десет рогови.
8. Ги гледав тие рогови, и ете, ме у нив се појави уште еден мал рог, а три од првите рогови беа со корен, истргнати пред него, на тој рог имаше очи, како човечки очи, и уста што зборува надуено.
9. Видов најпосле дека се поставија престоли и седна Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, а тркалата му беа како оган што пламти.
10. Река огнена излетуваше и минуваше пред Него; иљада иљади му служеа, и десетина иљади по десет иљади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија.
11. Тогаш видов дека за искажаните горди зборови, што рогот ги говореше, sверот беше убиен пред очите мои и телото негово смачкано и предадено на оган за да изгори.
12. И од другите sверови власта беше одземена и животот нивни се продолжи само до извесно време и до рок.
13. Видов во нокните виденија, а тоа на небесните облаци како да идеше Синот Човечки, дојде до Старецот и застана пред него.
14. И Нему Му се даде власт, слава и царство, за да Му служат сите народи, племиња и јазици; владението Негово е владение вечно, кое нема да измине, и царството Негово нема да се разруши.
15. Духот мој затрепери во мене, Даниила, во телото мое и виденијата на главата моја се смутија.
16. Се приближив до еден од оние што стоеја напред и го прашав за вистинското значење на сето тоа, и тој почна да зборува со мене и ми ја објасни смислата на реченото:
17. "Овие големи sверови, четири на број, означуваат дека четири цара ке се издигнат од земјата.
18. Потоа, светиите на Севишниот ке го земат царството и ке владеат со него и во веки веков."
19. Тогаш замолив точно објаснување за четвртиот sвер што се разликуваше од сите и кој беше многу страшен, со железни заби и бакарни нокти изедуваше и трошеше, а остатоците ги газеше со нозете,
20. и за десетте рогови што беа на неговата глава и за другиот што се појави, пред кој паднаа трите, за оној ист рог, на кој имаше очи и уста што зборуваа гордо и како да стана поголем од другите.
21. Видов како тој рог водеше борба со светиите и ги надвиваше,
22. додека најпосле не дојде Старецот по определени дни и судот беше даден на светиите од Севишниот, па настапи време светиите да го завладеат царството.
23. Освен тоа тој рече: "Четвртиот sвер го означува четвртото царство што ке постои на земјата, различно од сите царства и што ке ја изеде целата земја, ке ја гази и ке ја измачува.
24. А десетте рогови значат дека од тоа царство ке се кренат десет цареви и потоа ке се појави друг, поинаков од поренешните и ке ги покори трите цара.
25. И против Севишниот ке зборува и ке ги угнетува светиите на Севишниот; дури ке си помисли да ги измени времињата нивни и закони, па и тие да бидат предадени во раката негова за време и за времиња и за половина време.
26. Потоа ке седнат судиите и ке ја одземат од него власта да погубува и да истребува до крај,
27. а царството и власта и царското величие по целиот поднебесен свод ке му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство вечно и сите големодостојници ке му служат и ке му се покоруваат нему."
28. Тука е крајот на овој збор. Мене, Даниила, силно ме возмутија размислувањата мои, и лицето ми се измени, но словото го запазив во срцето свое.

  Daniel (7/12)