Daniel (6/12)  

1. Му се свиде на Дарија на царството да постави сто и дваесет сатрапи за да бидат управители во целото царство.
2. А над нив тројца кнезови, од кои еден беше Даниил - на кого сатрапите ке му даваат сметка, за да не биде царството претоварено.
3. Даниил ги надминуваше другите кнезови и сатрапи, бидејки во него имаше висок дух, и царот веке се мислеше да го постави над целото царство.
4. Тогаш кнезовите и сатрапите смислија предлог да го обвинат Даниила во управувањето со царството, но никако не можеа да најдат повод, ниту пак грешка, бидејки тој беше верен и немаше никаква погрешка ни вина.
5. Но тие лу е рекоа: "Нема да најдеме причина против Даниила, ако не најдеме против него нешто во Законот на неговиот Бог."
6. Тогаш тие кнезови и сатрапи отидоа при царот и му рекоа вака: "Царе Дарие, жив да си довека!
7. Сите кнезови во царството, намесниците, сатрапите, советниците и воените началници се согласија поме у себе да се издаде царска наредба и да се објави заповед: секој што во текот на триесет дена ке се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, него да го фрлат во лавовска јама.
8. И така, утврди го царе тоа решение и потпиши ја наредбата за да не се изменува, како закон Мидијански и Персијски и да не биде нарушен."
9. Царот Дариј го потпиша решението и заповедта.
10. А Даниил, штом разбра дека е потпишана таква повелба, отиде во домот свој. Прозорците на неговата дворна соба му беа отворени спрема Ерусалим, тој трипати во текот на денот ги приклонуваше колената свои и му се молеше на својот Бог и Го славословеше, како што го правеше тоа и порано.
11. Тогаш тие лу е, демнејки го, го најдоа Даниила дека се моли и бара милост пред својот Бог;
12. потоа отидоа и му кажаа на царот за царската заповед: "Нели ти потпиша повелба дека секој човек, кој во текот на триесет дена ке му се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, да биде фрлен во лавовска јама?" Царот одговори и рече: "Тој збор е цврст како и законот на Мидијаните и Персијанците, што не допушта измени."
13. Тогаш тие одговорија и му рекоа на царот: "Даниил, кој е од заробените синови од Јудеја, не обрнува внимание ни на тебе, царе, ниту на повелбата која си ја потпишал, туку по трипати на ден се моли со свои молитви."
14. Царот кога го чу тоа, многу се јадоаса и си стави при срце да го спаси Даниила и дури до зајдисонце многу размислуваше да го избави.
15. Но оние лу е дојдоа при царот и му рекоа: "Царе, знај дека според законот на Мидјаните и Персијците ниедно решение или заповед, потврдено од царот не може да се измени."
16. Тогаш царот заповеда, и го доведоа Даниила, па го фрлија во лавовската јама; тогаш царот му рече на Даниила: "Твојот Бог, Кому без престан Му служиш, Он нека те избави!
17. Па донесоа камен, го ставија врз отворот на јамата, и царот го запечати со својот прстен и со прстењата на великодостојниците свои, за да не се измени ништо по однос на Даниила.
18. Потоа царот си отиде во својот двор, легна да спие без вечера, па дури и порача да не му донесат храна, но сонот бегаше од него.
19. А утредента царот стана во зори и брзо се упати кон лавовската јама;
20. и кога се приближи до јамата, со нажален глас го повика Даниила и му рече: "Данииле, слуго на живиот Бог! Твојот Бог, Кому без прекин Му служиш, може ли да те избави од лавовите?"
21. Тогаш Даниил му одговори на царот: "Царе, да си жив довека!
22. Мојот Бог го испрати својот ангел и им ја затвори устата на лавовите, така што тие не ме повредија, оти јас излегов пред Него чист, па и пред тебе, царе, не сум извршил никаков престап."
23. Тогаш царот многу се зарадува за Даниила и заповеда да го извадат од јамата; го извадија Даниила од јамата, и никаква повреда не се забележа на него, отои тој веруваше во својот Бог.
24. Царот заповеда, па ги доведоа оние лу е, што го обвинуваа Даниила, и ги фрли во лавовската јама, како нив самите, така и децата нивни и жените нивни и уште не беа стигнале до дното на јамата, лавовите ги беа зграбиле и им ги беа здробиле сите нивни коски.
25. Потоа царот Дариј им напиша на сите народи, племиња и јазици кои живееја по целата земја: "Мирот да ви се умножи!
26. Издавам повелба во секоја област на царството мое да треперат и да се плашат пред Данииловиот Бог, зашто Он е Бог жив и вечно живее, а царството Негово е непобедливо, и Неговото владение е бескрајно.
27. Он избавува и спасува, прави чудеса и знаци по небото и земјата; Он го избави Даниила од силата на лавовите."
28. И така Даниило живееше добро и за царувањето на Дариј, а и во царувањето на Кир Персиски.

  Daniel (6/12)