Daniel (5/12)  

1. Царот Валтазар приреди голема гозба за иљада свои достоинственици и пред очите на иљадата пиеше вино.
2. Откако вкуси од виното, Валтазар заповеда да се донесат златните и сребрените садови, кои татко му Навуходоносор беше ги изнесол од Ерусалимскиот храм за да пијат од нив царот, достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови.
3. Тогаш ги донесоа златните садови кои беа земени од Светилиштето на домот Божји во Ерусалим и пиеја од нив царот и достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови.
4. Пиеја вино и ги славеа боговите златни и сребрени, бакарни и железни, дрвени и камени.
5. Во истиот момент се појавија прсти од човечка рака и пишуваа спроти светилникот на sидот од царскиот дворец, и царот ги виде прстите на раката што пишуваше.
6. Тогаш царот го измени лицето, мислите му се смутија, појасот на бедрата му олабави и колената негови почнаа да се удираат едно со друго.
7. Извика царот силно за да доведат ма епсници, Халдејци и гледачи: царот проговори и им рече на мудреците вавилонски: "Оној што ке го прочита тоа што е напишано и ми објасни што значи, ке биде облечен во скерлет и околу вратот ке му биде ставена златна веришка, а во царството мое ке биде трет достоинственик."
8. И влегоа сите мудреци цареви, но никој не можеше да го прочита напишаното и да му го објасни на царот значењето негово.
9. Царот Валтазар се разгневи многу и видот на лицето му се измени, а се смутија и достоинствениците негови.
10. Царицата, пак, во врска со зборовите на царот и на достоинсвениците негови влезе во собата каде што беше гозбата; проговори царицата и рече - "Царе, да си жив довека, да не те возмутуваат мислита твои и да не се менува изгледот на лицето твое.
11. Во царството твое има човек, во кото е духот на Бога светецот; во деновите на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост како мудроста на боговите и царот Навуходоносор, твојот татко, го постави како глава на јасновидците, Халдејците и гледачите, лично татко ти, царот,
12. бидејки во него, во Даниила, кому царот му го промени името во Валтазар, се најде висок дух, знаење и разум способен да толкува соништа, да толкува загадочни работи и да разврзува јазли. Зато нека го повикаат Даниила, и тој ке го објасни значењето."
13. Тогаш го воведоа Даниила при царот, и царот проговори и му рече на Даниила: "Ти ли си Даниил, еден од заробените синови јудејски, кого мојот татко, царот, те доведе од Јудеја?
14. Сум слушал за тебе дека во тебе има дух Божји и светлина и разум и голема мудрост.
15. Еве, ми ги доведоа мудреците и ма епсниците за да го прочитаат она што е напишано и да ми објаснат што значи тоа; но тие не можеа да ми објаснат.
16. За тебе сум чул дека можеш да го објасниш значењето и да разврзуваш јазли; па така, ако можеш да го прочиташ она, што е напишано и ми објасниш што значи, ке бидеш облечен во скерлет и околу вратот твој ке има златна веришка, а во царството мое ке бидеш трет достоинственик."
17. Тогаш Даниил одговори и му рече на царот: "Даровите нека ти останат при тебе, а почестите дај му ги на друг; а напишаното ке му го прочитам на царот и значењето ке му го објаснам.
18. Царе, Севишниот Бог беше му дарувал на татко ти Навуходоносора царство, величие, чест и слава.
19. Пред величието што му го беше дал Он, сите народи, племиња и јазици трепереа и се плашеа - кого сакаше го убиваше и кого сакаше - го оставаше жив; кого сакаше го издигаше, и кого сакаше го понижуваше.
20. А кога срцето негово се возгордеа и духот негов се ожесточи во дрскост, тој беше симнат од царскиот престол и славата му беше одземена,
21. а беше одвоен од синовите човечки и срцето негово заприлега на sверско, и живееше со дивите осли; го хранеа со трева како вол, а телото негово се оросуваше од небеската роса, се додека не разбра дека над човечкото царство владее Севишниот Бог и го поставува над него, кого сака.
22. А ти сине негов, Валтазаре, не го смири срцето свое, иако го знаеше сето тоа.
23. Туку се возгордеа против Господа небесниот и садовите од Неговиот дом ти ги донесоа, па ти и твоите великодостојници, твоите жени и наложниците пиевте од нив вино и ги славевте боговите сребрени и златни, бакарни и железни, дрвени и камени, кои не гледаат, ни слушаат, ниту разбираат; а Бога, во чии раце е и твојата душа и во Кого се сите твои патишта, ти не Го прослави.
24. Заради тоа и се појавија од Него тие прсти од рака и е напишано ова писмо.
25. А еве што е напишано: Мани, Текел, Фарес.
26. А еве го значењето на зборовите: Мани - го изброи Бог царството твое и му стави крај;
27. Текел измерен си на кантар и се најде многу лесен;
28. Фарес - царството ти е разделени и им е дадено на Мидијаните и Персијанците."
29. Тогаш по заповед на Валтазара го облекоа Даниила во скерлет и му ставија околу вратот златна веришка, па го прогласи за трет великодостојник во царството.
30. Во истата нок Валтазар, царот халдејски, беше убиен.
31. А Дариј Мидијанинот го презеде царството, кој тогаш беше на шеесет и две години.

  Daniel (5/12)