Daniel (2/12)  

1. Во втората година од царувањето свое Навуходоносор сони сон, од кој духот му се смати и сонот побегна од него.
2. Па заповеда царот да ги повикаат гатачите и гледачите, ме епсниците и Халдејците за да му го протолкуваат сонот. Тие дојдоа и застанаа пред царот.
3. И им рече царот: "Сонив сон и духот ми се возбуди - сакам да знам што значи тој сон."
4. Тогаш Халдејците му рекоа на царот по арамејски јазик: "Царе, да си жив довека, кажи им го на слугите својот сон и ние ке објасниме што означува тој."
5. Одговори царот и им рече на Халдејците: "Сонот избега од мене; ако не ми го кажете сонот и што означува тој, ке бидете исечени на парчиња, и куките ваши ке биде претворени во урнатини;
6. ако, пак, ми го кажете сонот и што означува тој, од мене ке добиете дарови, награда и голема чест; па кажете ми го сонот и што означува тој!"
7. Тие повторно одговорија и рекоа: "Царот нека им го каже на слугите својот сон и ние ке објасниме што означува тој."
8. Одговори царот и рече: "Гледам дека вие сакате да добиете во време, оти гледате, дека сонот веке избегал од мене.
9. Бидејки не ми го кажувате сонот, вие секако имате некоја намера: се готвите да ми кажете лага и измама, додека мине времето; но кажете му на синот мој и тогаш ке знам дека вие можете да ми објасните и што значи тој."
10. Халдејците му одговорија на царот и рекоа: "На земјата нема човек што може да му го открие на царот сонот, и затоа ниеден цар, голем и силен, не побарал слично нешто од ниеден јасновидец, гледач и Халдеец;
11. сонот, што го бара царот, е толку тежок, што никој друг не може да му го открие на царот, освен боговите, кои не живеат со смртниците."
12. Царот се разгневи и се јадоса многу поради тој одговор, па заповеда да ги истребат сите вавилонски мудреци.
13. Кога излезе таа заповед да се убиваат мудреците, го побараа Даниила и другарите негови за да ги убијат.
14. Тогаш Даниил се обрна со претпазливост и мудрост кон Ариоха, началникот на царските телохранители, кој беше излезен да ги убива вавилонските мудреци,
15. и го праша Ариоха, а тој беше силен пред царот: "Зошто таква страшна заповед од царот?" Тогаш Ариох му ја прикажа на Даниила целата случка.
16. И Даниил појде кај царот и измоли да му даде време за да му го каже на царот толкувањето на сонот.
17. Даниил отиде дома и им ја кажа работата на своите другари Ананија, Мисаила и Азарија,
18. за да измолат милост од Бога небесни за таа тајна, па Даниил и другарите негови да не загинат заедно со другите мудреци вавилонски.
19. И тогаш тајната му беше откриена на Даниила во нокно време, и Даниил го благослови небесниот Бог.
20. И рече тогаш Даниил: "Нека е благословено името на Господа од века и до века, зашто во него има мудрост и сила.
21. Он ги менува времињата и годините, соборува цареви и поставува цареви, дава мудрост на мудри и знаење на разумни.
22. Он открива што е длабоко и сокриено, знае што има во темнината и светлината живее со Него.
23. Те прославувам и величам, Боже на татковците мои, затоа што ми даде мудрост и сила и ми го откри она, за што те молевме; оти Ти ни го откри сонот на царот."
24. Потоа Даниил отиде при Ариоха, кому царот му беше заповедал да ги убие мудреците вавилонски, влезе и му рече: "На убивајте ги мудреците вавилонски; одведи ме при царот и јас ке му откријам што означува сонот."
25. Тогаш Ариох веднаш го одведе Даниила кај царот и му рече: "При заробените синови на Јуда најдов човек кој може да му открие на царот што означува сонот."
26. Царот му рече на Даниила, кој беше преименован во Валтазар: "Можеш ли да ми го кажеш сонот што го видов и што означува тој?"
27. Даниил му одговори на царот и рече: "Тајната за која царот прашува не можат да му ја откријат на царот ни мудреците, ни ма апесниците, ни јасновидците ни гледачите.
28. Но на небесата има Бог, Кој открива тајни; и Он ке му отркие на царот Навуходоносор се што ке се збидне во последните денови.
29. Ти царе, на леглото свое си мислеше што ке се случи после, и Оној Кој отркива тајни, ти покажа што ке се случи.
30. А мене таа тајна ми се отрки, не за да бидам помудар од сите живи, туку за да му биде откриена на царот смислата, и за да ги узнаеш мислите на срцето свое.
31. Твоето видение, царе, е вакво; ете, некаков си голем, огромен беше тој лик, стоеше пред тебе во голема светлина, и погледот му беше страшен.
32. Главата на тој лик беше чисто злато, градите и рацете од сребро, додека стомакот и бедрата негови беа бакарни.
33. Потколениците железни, а нозете дел железни, дел глинени.
34. Ти го гледаше, додека еден камен не се откачи од планината сам, удри во идолот, во неговите железно - глинени нозе и го скрши.
35. Тогаш заедно се се раздроби: железото, глината, бакарот, среброто и златото станаа како прав на летно гумно; ветрот ги однесе, и трага од нив не остана, а каменот што го разби идолот стана колема планина и ја исполни целата земја.
36. Ете, тоа е сонот, а сега да кажам пред царот и што означува тој.
37. Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,
38. и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите sверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, - ти си таа златна глава.
39. По тебе ке се крене друго царство, помало од твоето, а и трето царство, бакарно, ке владее над целата земја.
40. А четвртото царство ке биде цврство како железо; оти како што железото троши и дроби се, така и тоа железо што крши се, ке дроби и ке уништува.
41. А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ке биде разделено и во него ке остане само нешто од цврстината на железото, бидејки си видел железо, измешано со грнчарска глина.
42. И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ке биде делум силно, а делум слабо.
43. А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека тие преку човечкото семе ке се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината.
44. И во деновите на тие царства небесниот Бог ке подиегне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ке ги победи и разруши сите царства, а само тоа ке остане вечно.
45. Бидејки ти виде дека каменот што падна од планината сам, го раздроби железото, бакарот, глината, среброто и златото. Великот Бог му даде на царот да разбере што ке се случи потоа. И верен е тој сон и точно е неговото толкување!"
46. Тогаш царот Навуходоносор падна ничкум и се поклони пред Даниила, па заповеда да му донесат дарови и благопријатни кадива;
47. и му рече царот на Даниила: "Навистина вашиот Бог е Бог над боговите и Господар на царевите, Кој открива тајни, штом ти можеше да ја откриеш оваа тајна!"
48. Тогаш царот го возвиши Даниила, му даде многу големи дарови и го постави над целата област вавилонска, како главен началник над сите мудреци вавилонски.
49. Но Даниил го замоли царот, и тој ги постави Седраха, Мисаха и Авденаго над работите од земјата вавилонска, а Даниил остана при царскиот двор.

  Daniel (2/12)