Daniel (11/12)  

1. И така, од првата година на Мидјанинот Дариј јас му станав помошник и поткрепа.
2. Сега ке ти ја кажам вистината: еве, уште тројца цареви ке се издигнат во Персија; потоа четвриот ке ги надмине сите со големо богатство, и кога ке го намножи богатството свое, ке ги крене сите против грчкото царство.
3. Потоа ке се појави силен цар, кој ке владее со гоелма власт и ке дејствува според својата воља.
4. Но, кога ке се издигне тој, царството негови ке се сруши и ке се раздели на четирите ветра небесни и нема да помине на неговите потомци, и не со таква власт, со која тој господареше; затоа што царството негово ке се растури и ке падне на други, а не на нив.
5. И јужниот цар ке се засили, и еден од кнезовите негови ке стане посилен од него и ке владее, и власта негова ке биде голема.
6. Но по неколку години тие ке се спријателат и керката на јужниот цар ке дојде при северниот цар за да ги среди правилно односите поме у нив; но таа нема да ја задржи силата во рацете свои, и нема да го оддржи нејзиниот род, туку тие ке бидат предадени, како таа, така и оние, што ке ја придружуваат; и родениот од неа, како и оние што и помагале во тоа време.
7. Но ке се издигне фиданка од коренот нејзин, ке дојде при војската, ке влезе во тврдините на северниот цар, ке дејствува во нив и ке се засили.
8. Дури и боговите нивни, идолите нивни заедно со скапите садови, сребрени и златни, ке ги однесе како плен во Египет и неколку години ке владее посилно од северниот цар.
9. И тој, ако и влезе во царството на јужниот цар, пак ке се врати во земјата своја.
10. Потоа, ке се вооружат синовите негови и ке соберат многубројна војска; а еден од нив брзо ке замине, ке поплави и ке замине, и потоа вракајки се, ке се бори со него до тврдината негова.
11. И јужниот цар ке се налути, па ке излезе да се удри со него, со северниот цар, и ке изведе голема војска и војската ке биде предадена во рацете негови.
12. Тогаш војската ке се охрбри, и срцето на царот ке се зарадува; тој ке собори многу иљади, но со тоа нема да стане посилен,
13. бидејки северниот цар ке се врати и ке изведе повеке војска од поранешната и по неколку години ке дојде со голема војска и со големо богатство.
14. Во тоа време мнозина ке станат против јужниот цар, и бунтовниците ме у синовите на твојот народ ке се кренат, за да се исполни видението, и ке паднат.
15. И ке дојде северниот цар, ке направи опкоп и ке го завладее укрепениот град, и нема да се додржат мишките на југ, ниту негоавта избрана војска: ке нема сила да се спротивствати.
16. И кој ке излезе во пресрет, ке дејствува според неговата воља и никој не ке може да устои пред него; и живеалиштето свое ке го псотави во славната земја, и таа ке настрада од раката негова.
17. И ке науми да навлезе во царството свое со сите сили, а и праведните со него, и ке го направи тоа; и ке му даде керка од жените свои за жена, за да го погуби, но таа намера нема да се исполни, и тој не ке има никаква корист од тоа.
18. Потоа ке го сврти лицето свое кон островите и ке завладее многу од нив; но еде водач ке го прекрати нанесениот срам од него и дури својот срам ке го префрли врз него.
19. Потоа ке го сврти лицето свое кон тврдините на својата земја, но ке се сопне, ке падне и нема да ги освои.
20. На негово место ке се издигне друг што ке прати даночник за да мине по царството на славата. Но и тој по неколку дни ке загине, и тоа не од востание, ниту во бој.
21. А на негово место ке се издигне презрениот, и нема да му дадат царски почести; но тој ке дојде без шум и со лаги ке го освои царството.
22. И напа ачите ке бидат потопени и победени од него, дури и кнезот со кого се поврзал.
23. Оти, откако стапи во сојуз со него, тој ке дејствува со измама и ке се искачи и ке се одржи на врвот со малку народ.
24. Тој ке влезе во мирни и плодни краишта и ке го изврши она што не го правеле татковците негови и татковците на татковците негови; пленот, заграбениот имто и богатството ке го троши како свое и за тврдините ке помислува, но само за некое време.
25. Потоа ке се охрабри духот негов и со многубројна војска ке се крене против јужниот цар; јужниот цар ке излезе во војна со голема и уште посилна војска, но нема да се додржи, оти против него ке има сплетки.
26. Дури и оние што јадат леб со него ке му станат убијци, и војската ке му се распушти, па така многумина ке паднат убиени.
27. Во срцето на двата цара ке има сплетки, и ке седнат на една трпеза и ке зборуваат лага, но нема ништо да се случи, зашто крајот е одложен до определеното време
28. и така ке се врати тој во својата земја со големо богатство и со непријателска замисла против светиот завет, и ке го исполни и ке се врати во земјата своја.
29. Во определеното време тој пак ке појде против југ, но последниот поход нема да биде како поранешниот,
30. бидејки истовремено со него ке дојдат китимските кораби, ке ослаби со духот и ке се врати, ке се озлоби против светиот завет и ке ја изврши својата намера и пак ке се договори со отстапниците од светиот завет.
31. И ке постави определен одред војска што ке го осквернува светилиштето на силата, ке ја укине секојдневната жртва и ке постави мерзост на запустување.
32. Со лукавство ке ги привлече кон себе оние што псотапуваат нечесно против заветот; но лу ето кој Го почитуваат својот Бог, ке се засилат и ке дејствуваат.
33. И разумните од народот ке вразумуваат мнозина, макар и некое време да страдаат од меч и оган, од ропство и грабеж.
34. И во времето на страдањето свое ке имаат извесна помош и мнозина ке се присоединат кон нив, но дволично -
35. и од разумните некои ке пострадаат за да ги испитаат, очистат, и обелат за последното време, зашто уште има време до рокот.
36. И ке постапува тој цар според својата воља, ке се крене и ке се возвеличи повисоко од секое божество, ке почне да хули на Бога над боговите и ке успева, се додека не се исполни гневот; зашто, она што е предопределено, тоа и ке се изврши.
37. За боговите на татковците свои нема ни да помисли, ни желба за жени нема да има, дури ни никакво божество нема да уважува, бидејки ке се возгордее погоре од сите.
38. Но ке укажува почест на бога што татковците негови не го знаеле, ке го чести со злато и сребро и драгоцени камења, место Бога кој е најсилен.
39. И ке изгради силна тврдина со ту бог: на оние, што ке го признаваат, ке им ги зголемува почестите и ке им дава власт над мнозина и земја ке раздава како награда.
40. Кон крајот на времето јужниот цар ке се судри со него и северниот цар ке се впушти како бура врз него со коли, коњаници и многубројни кораби, ке нападне на областите, ке ги поплави и ке мине преку нив.
41. И ке влезе во најубавата земја, а многу области ке пострадаат, од раката негова ке се спасат само Едом, Моав и голем број од синовите Амонови.
42. Kе ја протегне раката своја врз разни земји; нема да се спаси ни земјата Египетска.
43. Kе освои златни и сребрени ризници и разни скапоцени работи од Египет; Ливијците и Етиопјаните ке тргнат по него.
44. Но гласовите од исток и од север ке го смутат, па тој ке излезе со најголема јарост за да истребува и погубува мнозина,
45. и ке ги распне царските шатори ме у морето и гората на преславното светилиште; но ке му дојде крајот, и никој нема да му помогне.

  Daniel (11/12)