Daniel (10/12)  

1. Во третата година на персискиот цар Кир би откровение до Даниила, кој се викаше Валтазар, и вистинско беше тоа откровение и со голема сила. Тој го разбра тоа откровение и го објасни тоа видение.
2. Во тие дни јас, Даниил, бев тажен цели три седмици.
3. Вкусен леб не јадев; месо и вино не влезе во устата моја, и масла не употребив, додека не завршија трите седмици.
4. А во дваесет и четвртиот ден од првиот месец, се најдов покрај брегот на големата река Тигар;
5. ги кренав очите угоре и видов: ете еден човек, облечен во ленена облака, а крстот му беше препашан со злато од Уфаз.
6. Телото негово изгледаше како топаз, лицето - како светкавица - очите му беа како запалени светила, рацете негови и нозете негови изгледаа како сјаен бакар и гласот на зборовите негови како глас на многу лу е.
7. И само јас едниот, Даниил, го видов тоа видение, а лу ето што беа со мене не го видоа тоа видение; но страв голем ги обзеде, и тие избегаа за да се сокријат;
8. Останав сам и го гледав тоа големо видение, но во мене не остана сила и видот на лицето мое се измени многу, не остана во мене бодрост.
9. И го чув гласот на зборовите негови; и штом го чув гласот на зборовите негови, ненајдено паднав ничкум и лежев со лицето кон земјата.
10. Но ете, рака една се допре до мене и ме исправи на колената мои и на дланките од рацете мои.
11. Па ми рече тој: "Данииле, сакани човеку, задалабочи се во зборовите што ке ти ги кажам, и исправи се на нозете свои, зашто при тебе сум денеска испратен." Штом ми ги кажа тие зборови, јас станав растреперен.
12. Но тој ми рече: "Не бој се Данииле! Од привиот ден кога го управи срцето свое за да постигнеш разбирање и да се смириш пред твојот Бог, зборовите твои беа примерни, и јас сакав да дојдам според зборовите твои.
13. Но кнезот на персиското царство стоеше спроти мене дваесет и еден ден; а тоа е Михаил, еден од првите кнезови, дојде да ми помогне и јас останав таму при персискиот цар.
14. А сега дојдов да ти соопштам, што ке се случи со твојот народ во последните времиња, зашто видението се однесува кон далечни дни."
15. Додека ми зборуваше такви зборови, паднав ничкум на земјата и онемев.
16. Но ете, ете еден сличен на синовите човечки се допре до усните мои и јас ја отворив устата своја, почнав да зборувам и му реков на оној што стоеше пред мене: "Господаре мој, од ова видение утробата во мене се преврте и во мене не остана сила.
17. Па како може слугата Твој Господи, да зборува со мојот Господар? оти во мене нема сила, и дишењето мое запрело."
18. Тогаш пак се допре до мене тој човечки образ, ме поткрепи
19. и рече: "Не бој се, сакан човеку, мир да имаш; охрабри се, охрабри се!" и кога зборуваше тој со мене, јас се закрепив и реков: "Зборувај Господи мој, зашто ти ме поткрепи."
20. И тој ми рече: "Знаеш ли зошто дојдов при тебе? сега ке се вратам за да се борам со персискиот кнез; а штом ке излезам јас, ке дојде грчкиот кнез.
21. Но јас ке ти соопштам што е напишано во вистинското писмо; и нема никој друг, што ке ми помогне во тоа, освен Михаил, вашиот кнез."

  Daniel (10/12)