Colossians (4/4)    

1. Господари, правете им на робовите што е праведно и справедливо, знаејќи дека и вие имате Господар на небото.
2. Бидете постојани во молитва со будност и благодарност!
3. Молете се едновремено и за нас, за Бог да ни отвори врата за словото за да ја навестиме Христовата тајна, заради која сум и во окови,
4. и да ја откријам јасно, онака како што треба да зборувам.
5. Постапувајте мудро спрема надворешните, ползувајќи ја секоја можност.
6. Bашиот говор секогаш да е со благост, зачинет со сол, за да знаете како треба да му одговорите секому.
7. А за мене ќе ве извести Тихик, мил брат и верен служител и слуга во Господ,
8. кого го испраќам кај вас токму затоа, за да дознаете како сме ние и да ги утеши вашите срца,
9. заедно со верниот и мил брат Онисим, кој е кај вас. Тие ќе ви соопштат како е тука.
10. Bе поздравува Аристарх, мојот другар во занданата, Марко, роднината на Барнаба (за кого примивте упатства: ако дојде кај вас, примете го)
11. и Исус, наречен Јуст. Од обрежаните овие се единствени кои ми помагаат за Божјото царство и кои ми беа утеха.
12. Bе поздравува вашиот сонародник Епафрас, слуга на Христос Исус, кој секогаш се бори за вас во молитви, за да стоите совршени и наполно уверени во целата Божја волја.
13. Сведочам за него дека има голема ревност за вас, за оние во Лаодикеја и за оние во Хиераполис.
14. Bе поздравуваат саканиот лекар Лука и Димас.
15. Поздравете ги браќата во Лаодикеја, и Нимфана и црквата во нејзиниот дом.
16. Кога ќе се прочита ова писмо кај вас, погрижете се да биде прочитано и во Лаодикејската црква! А она од Лаодикеја, прочитајте го и вие!
17. Речете му на Архип: "Bнимавај на службата која си ја примил во Господ, да ја исполниш!"
18. Своерачен поздрав од мене, Павле. Спомнувајте си за моите окови. Благодат со вас!

  Colossians (4/4)