Colossians (3/4)  

1. И така, ако сте воскреснати со Христос, барајте го она што е горе - каде што е Христос, седнат оддесно на Бог.
2. Мислете на она што е горе, а не на она што е на земјата,
3. зашто умревте и вашиот живот е скриен со Христос во Бог!
4. А кога ќе се јави Христос, нашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава.
5. Затоа, умртвете ги земните органи на вашето тело за: блуд, нечистота, страст, зла желба и алчност која е идолопоклонство,
6. заради кои доаѓа Божјиот гнев,
7. а во кои и вие некогаш одевте, кога живеевте во нив.
8. Но сега, отфрлете ги и вие сите овие нешта: гневот, јароста, злобата, хулењето и злоупотребата на говорот.
9. Не лажете се еден друг, зашто веќе го соблековте стариот човек со неговите дела
10. и се облековте со новиот човек, кој се обновува во целосното познавање според ликот на Оној Кој го создал,
11. каде нема веќе Грк ни Евреин, обрежан и необрежан, варварин, Скит, роб и слободен, туку Христос е сè и во сè.
12. И така, како Божји свети и мили избраници, облечете се со милосрдно срце, љубезност, понизност, кроткост и трпеливост!
13. Поднесувајте се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого; како што Господ ви прости вам, така проштавајте и вие!
14. А над сето тоа облечете се во љубов, која совршено сврзува сè!
15. А Христовиот мир нека владее во вашите срца, за кого сте и повикани во едно тело; и бидете благодарни!
16. Христовото слово да живее изобилно во вас во сета мудрост, поучувајте се и опоменувајте се еден друг со псалми, химни и духовни песни, пеејќи Му на Бог со благодат во вашите срца.
17. И што и да правите со збор или дело, правете сè во името на Господ Исус, благодарејќи Му преку Него на Бог Таткото.
18. Жени, покорувајте им се на своите мажи, како што прилега во Господа!
19. Мажи, љубете ги своите жени и не бидете огорчени спрема нив.
20. Деца, бидете им послушни на вашите родители во сè, зашто тоа Му е по волја на Господ!
21. Татковци, не дразнете ги своите деца, за да не станат малодушни!
22. Робови, слушајте ги во сè своите земни господари, не навидум како оние кои само им угодуваат на луѓето, туку со искрено срце, боејќи се од Господ!
23. Што и да правите, правете го од сè срце како за Господ, а не за луѓе,
24. знаејќи дека од Господ како награда ќе примите наследство. Bие му служите на Господ Христос!
25. Зашто, кој прави лошо, ќе ги понесе последиците од стореното, и тоа непристрасно.

  Colossians (3/4)