Amos (9/9)    

1. Го видов Господа како стои на жртвеникот и вели: удри во горниот праг на вратата за да се растресат спојките и расцепи ги врз главите на сите нив, а другите од нив ке ги убијам Јас со меч: никој од нив, кој бега, нема да избега, и никој од нив, кој сака да се спаси, нема да се спаси.
2. И да се закопаат во најдолниот дел на земјата, и оттаму раката Моја ке ги извлече; и да се качат на небото, и оттаму ке ги сметнам.
3. Макар да се скријат и на врв Кармил, и таму ке ги најдам и ке ги земам; па и да се сокријат и од очите Мои во морското дно, и таму ке му заповедам на змајот морски да ги голтне.
4. И во плен, ако појдат пред непријателите свои, ке му заповедам на мечот таму да ги убие. Kе ги свртам врз нив очите Свои за нивно зло, а не за добро.
5. Зашто Господ Бог Саваот ке се допре до земјата, и таа ке се растопи, и ке се расплачат сите живи на неа; ке се крене таа цела како река и ке се спушти како реката египетска.
6. Он ги изгради своите горни дворци на небесата и сводот Свој го зацврсти на земјата; ги повика морските води и ги изли по земјата; Господ е името Негово.
7. Вие, синови Израилеви, не сте ли за мене како синови етиопски, вели Господ, нели Јас го изведов Израилот од земјата Египетска и Филистејците - од Кафтор и Арамејците од Кир?
8. Ете, очите на Господа Бога се врз грешното царство, и Јас ке го истребам од лицето на земјата, но домот на Јакова нема целосно да го истребам, вели Господ.
9. Зашто, еве, Јас ке заповедам и ке го распраснам домот Изралев по сите народи, како што се растураат зарната во решето, и ниедно не па а на земја.
10. Од меч ке умрат сите грешници ме у народот Мој, кои велат: "нема да не постигне и нема да дојде при нас тоа зло!"
11. Во оној ден ке ја подигнам паднатата скинија Давидова, ке ги пополнам пукнатините нејзини, срушеното ке го подигнам и ке ја средам, како во поранешните дни.
12. за да ги завладее остатокот од Едома и сите народи, ме у кои ке се спомнува името Мое, вели Господ, Кој го врши сето тоа.
13. Ете, ке настапат дни, вели Господ, кога орачот ке го затече жетварот и оној што гази грозје - сејачот; и горите ке пуштаат гроздов сок, и од сите ридови ке потече.
14. Kе ги повратам заробените на Мојот народ Израилот; и пак ке ги изградам запустените градови и ке се населат во нив; ке насадат лозја и ке пијат вино од нив, и ке направат градини и ке јадат плодови од нив.
15. И ке ги населам во земјата нивна и тие нема повеке да бидат истргани од својата земја, која им ја дадов Јас, вели Господ, твојот Бог.

  Amos (9/9)