Amos (8/9)  

1. Вакво видени ми откри Господ Бог: ете, кошница со зрели плодови.
2. И ми рече Он: што гледаш, Амосе? Одговорив: кошница со зрели плодови. Тогаш Господ ми рече: му дојде крајот на Мојот народ Израилот - нема повеке да му проштевам.
3. Песните во дворците во оној ден ке се претворат во ридање, вели Господ Бог; ке има многу трупови, ке ги фрлаат насекаде молчешкум.
4. Чујте го ова, вие, кои жедувате да проголтате бедни и да погубите сиромаси,
5. вие, кои велите: - кога ке мине месечието, за да продаваме жито, и сабота, за да ги отвориме житниците, да ја намалиме мерката, да ја зголемиме цената на сиклата и да измамуваме со лажни мерки,
6. да купуваме сиромаси со сребро и бедни за два чевела, и да продаваме отсевки?
7. Се заколна Господ во славата на Јакова: навистина нема никогаш да заборавам ниту едно од делата негови!
8. Нема ли да се затресе земјата од тоа и нема ли да заплаче секој жител на неа? Таа целата ке се разбранува како река и ке се подига и ке се спушта како реката египетска.
9. И во оној ден, вели Господ Бог, ке направам сонцето да зајде попладне и ке ја помрачам земјата среде бел ден,
10. ке ги претворам празниците ваши во тага и сите ваши песни - во плач; ке ставам врекишта на сите бедра и келавост - на секоја глава, и ке создадам во земјата плач како за син единец, и крајот ке и биде како тажен ден.
11. Ете, настапуваат дните, вели Господ Бог, кога ке испратам на земјата глад, не глад за леб, не жед за вода, туку жед за слушање зборови Господови.
12. И ке одат од море до море, ке скитаа од север до исток, барајки го словото Господово, и нема да го најдат.
13. Во оној ден ке премираат од жед убавите девојки и момчиња.
14. Они што се колнат во гревот Самариски и велат: жив е твојот бог, Дане, така да ни е жив и патот за Вирсавија! Тие ке паднат и веке нема да се кренат.

  Amos (8/9)