Amos (7/9)  

1. Вакво видение ми откри Господ Бог: еве, Он создаде скакулци, кога почна да изникнува доцнежната трева, и тоа беше тревата по царската косидба.
2. И, ете, кога завршија да ја јадат тревата по земјата, реков: Господе Боже, смили се; како ке издржи Јаков? Тој е многу мал.
3. И Господ се сожали на тоа: "нема да стане тоа" - рече Господ.
4. Вакво видение ми откри Господ Бог: еве, Господ Бог произведе оган за суд - и тој проголта голема бездна, проголта и дел од земјата.
5. И реков: Господи Боже, запри: "како ке се додржи Јаков? Па тој е многу мал."
6. И Господ се сожали на тоа: "и тоа нема да се збидне", рече Господ Бог.
7. Вакво видение ми откри Он: еве, Господ стоеше на sид и во раката имаше оловна висулка.
8. И ми рече Господ: "Што гледаш, Амосе?" Јас одговорив: "Висулка". И Господ рече: "еве ке ставам висулка ме у Мојот народ Израилев; нема повеке да му проштевам.
9. Опустошени ке бидат жртвениците Исакови и разрушени ке бидат светилиштата Израилеви, и ке се кренам со меч против домот Јеровоамов."
10. И Амасиј, свештеникот ветилски, прати при израилскиот цар Јеровоама, да кажат: Амос крева бунт против тебе ме у домот Израилев; земјата не може да ги трпи зборовите негови,
11. оти тој вака вели: од меч ке умре Јеровоам, а Израилот бездруго ке биде одведен од земјата своја во ропство.
12. И му рече Амасиј на Амоса: јасновидецу, оди и насели се во земјата Јудина; таму јади леб и таму пророкувај,
13. а во Ветил не пророкувај веке, оти тој е светиња царева и е царски дом.
14. Му одговори Амос и му рече на Амасија: јас не сум пророк и не сум син на пророк; бев пастир и собирав диви смокви.
15. Но Господ ме зеде од овците и ми рече: оди, пророкувај при мојот народ Израилот.
16. А сега ислушај го словото Господово. Ти велиш: не пророкувај против Израилот и не кажувај зборови против домот Исаков.
17. Затоа, еве, што вели Господ: жената твоја ке биде обесчестена во градот, синовите твои и керките твои ке паднат од меч, земјата твоја ке биде разделена со мрана врвка, ти ке умреш во нечиста земја, а Израилот ке биде одведен од земјата своја.

  Amos (7/9)