Amos (5/9)  

1. Чујте го ова слово, со кое ке кренам плач за вас, доме Израилев.
2. Падна, нема повеке да стане девицата Израилева! Фрлена е на земјата своја, и нема кој да ја крене.
3. Оти вака вели Господ Бог: град, од кој излегуваат иљадници, ке остане само со сто, а од кој излегуваат сто, ке остане само со десет во домот Израилев.
4. Оти така му вели Господ на домот Израилев: побарејте Ме и ке бидете живи.
5. Не барајте го Ветил, не одете во Галгал и не патувајте во Вирсавија, зашто сиот Галгал ке појде во ропство, а Ветил ке се претвори во ништо.
6. Побарајте Го Господа, и ке бидете живи, за да не се нафрли Он против домот Јосифов како оган, што ке го проголта, и не ке има кој да го гасне во Ветил.
7. О, вие, што го превртувате правосудството во отров и правдата ја фрлате на земја!
8. Кој го создал седмоsвездието и Орион и ја претвора смртната сенка во јасно утро, а денот го прави темен како нок, ги извикува морските води и ги разлива по земјата? Господ е името Негово!
9. Он го заштитува рушителот против силниот, и опустошителот влегува во тврдината.
10. А тие го мразат оној, кој изобличува пред портите, и се гаснат од оној, кој кажува правда.
11. Па така, затоа што го измачувате сиромавиот и земате од него подароци во жито, вие ке изградите домови од делкан камен, но нема да живеете во нив; ке насадите убави лозја, само вино од нив нема да пиете.
12. Зашто Јас знам колку се многубројни вашите престапи, и колку се тешки вашите гравови; вие сте му непријатели на праведникот, земате поткуп и ги извртувате делата на сиромасите во судот.
13. Поради тоа разумниот човек молчи во тоа време, оти времето е лошо.
14. Барајте добро, а не зло, за да останете живи - и тогаш Господ Бог Саваот ке биде со вас, како што велите вие.
15. Мразете го злото, сакајте го доброто и поставете правосудство пред портите; можеби, Господ Бог Саваот, ке се смилува на остатокот Јосифов.
16. Затоа вака вели Господ Бог Саваот, Седржителот: по сите ваши улици ке има плач, и по сите ваши патишта ке викаат: Оф, оф! И ке повикаат земјоделец да жали и искусни за жални песни, да плачат;
17. и по сите лозја ке има плач, оти Јас минам ме у тебе, вели Господ.
18. Тешко им на оние, кои го бараат денот Господен! Зашто ви е тој ден Господен? Тој е темнина, а не светлина.
19. Тоа е исто како кога некој ако побегне од лав, па ке го сретне мечка, или ако дојде дома и се потпре со раката на sид, па го касне змија.
20. Зар денот Господен не е мрак, туку светлина? Тој е мрак, и во него нема болскот.
21. Ги мразам и ги отфрлувам празниците ваши и не ги помирисувам жртвите ваши во времето на вашите прослави во собранијата.
22. Ако ми принесете сепаленица и лебен принос, нема да ги примам и нема да погледнам милостиво на благодарствената жртва од вашите угоени телиња.
23. Отстрани го од мене шумот на твоите песни, зашто звуците на твојата гусла нема да ги слушам.
24. Правосудството нека тече како вода, и правдата - како силен поток.
25. Зар не ми принесувавте жртви и дарови во лебови во пустињата во текот на четириесетте години, доме Израилев?
26. Вие ја носевте скинијата Молохова и sвездата на вашиот бог Ремфан, ликови што ги направивте за себе.
27. Затоа Јас ке ве преселам зад Дамаск, вели Господ; Бог Саваот е името Негово.

  Amos (5/9)