Amos (4/9)  

1. Чујте го ова слово, јунички васански, вие, кои сте на Самариска гора, вие, кои ги измачувате сиромасите, ги угнетувате бедните и им велите на своите господари: "донесете да пиеме!"
2. Се заколна Господ Бог во Својата светост, дека, ете, ке дојдат врз вас дни, кога ке ве извлечат со куки и остатокот ваш - со јадици.
3. Па ке излезете низ проломите на sидовите, секоја - како ке може, и ке ги фрлите сите украси, што се во дворците, вели Господ.
4. Одете во Ветил и грешете, во Галгал и умножувајте ги престапите, принесувајте жртви секое утро, десетоци секој трети ден.
5. Принесувајте како благодарствена жртва леб со квас, кажувајте ги доброволните свои приноси и разгласувајте за нив, зашто вие тоа го сакате, синови Израилеви, вели Господ.
6. Затоа и ви дадов чисти заби во сите ваши градови и недостиг од леб по сите ваши населби; но вие не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
7. И го задржав по вас дождот три месеци до жетва; пуштив дожд врз еден град, врз друг град не пуштив; еден дел беше напојуван со вода, а другиот - ненаросен со дожд, и се исушуваше.
8. И се собраа два три града во еден град, за да се напијат со вода и не можеа да се напијат до ситост; но и тогаш вие не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
9. Ве поразував со суша и метлика по житата: во многу ваши градини и лозја, насади со смокви и маслини ги јадеа гасеници, и при сето тоа пак не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
10. Ви пракав помор, како египетскиот, ги убивав со меч момчињата ваши, отакако ги одведов коњите ваши во плен, така што смрад во становите ваши се креваше во ноздрите ваши, и покрај сето тоа не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
11. Ве сотирав, како што Бог го разруши Содом и Гомор, и вие бевте истргнати од огнот како гламња, но при сето тоа не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
12. Затоа вака ке постапам со тебе, Израиле; и бидејки така ке постапувам со тебе, приготви се да го дочекаш твојот Бог, Израиле.
13. Зашто, ете, Оној е, Кој образува гори и создава ветар и му ги објавува замислите Свои на човекот, утрената светлина ја претвора во мрак и оди високо над земјата. Името Негово е Бог.

  Amos (4/9)