Amos (3/9)  

1. Чујте го овој збор, што го кажа Господ против вас, синови Израилеви, против целото племе, кое го изведов од земјата Египетска велејки:
2. само вас ве признав од сите земни племиња, поради тоа и ке ве посетам поради сите ваши беззаконија.
3. Тргнуваат ли двајца заедно, ако не се договорат ме у себе.
4. Рика ли лав во гора, кога нема пред него плен? Пушта ли глас лавче од својата пештера, ако ништо не уловило во неа?
5. Па а ли птица во мрежа на земја, кога нема мрежа за неа? Kе се подигне ли од земајта стапица, ако не се фати ништо во неа?
6. Труби ли труба во град, а народот да не се уплаши? Се случува ли во градот зло, што не го дозволил Господ?
7. Зашто Господ Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги - пророците.
8. Кога ке засрика лав, кој е тој што нема да трепне? Господ Бог вели: кој нема да пророкува?
9. Прогласете од покривите на Азот и од покривите од земјата Египетска и кажете: соберете се по горите на Самарија и погледајте го големото бесчестие во неа и насилствата во неа.
10. Тие не знаат да постапуваат справедливо, вели Господ: со насилие и грабеж собираат добра во дворците свои.
11. Затоа вака вели Господ Бог: еве, непријателот е околу земјата, тој ке ја нападне со сета своја мок и дворците твои ке бидат ограбени.
12. Така вели Господ - како што понекогаш пастирот истргнува од лавовска уста две потколенични коски или дел од увото, така ке бидат спасени синовите Израилеви, кои сега седат во Самарија во аголот на постелата своја и во Дамаск на леглото свое.
13. Слушајте и бидете сведоци против домот на Јаков, вели Господ Бог, Саваот.
14. Зошто во оној ден, кога ке го посетам Израилот за престапите негови, ке го испитам и за жртвениците во Ветил; ке бидат отсечени роговите на жртвеникот и тие ке паднат на земја.
15. Kе го поразам зимскиот дом заедно со летниот дом, и ке исчезнат домовите со украсите од слонова коска, ке снема многу домови, вели Господ.

  Amos (3/9)