Amos (2/9)  

1. Вака вели Господ: за трите престапи на Моав, и за четири нема да го поштедам, оти тој ги изгоре коските на царот едомски во вар.
2. Па ке пратам оган врз Моав, и тој ке ги проголта дворците кериотски, и ке загине Моав при пораз со шум, при трубен звук.
3. И ке го истребам судијата негов и ке ги убијам сите кнезови негови заедно со него, вели Господ.
4. Така вели Господ: за трите престапи на Јуда и за четири нема да го поштедам, заради тоа што го отфрлија Законот на Господа и наредбите Негови не ги запазија; и идолите, по кои одеа татковците нивни, ги отклонија од патот.
5. И ке испратам оган врз Јуда, и тој ке ги проголта дворците ерусалимски.
6. Така вели Господ: за трите престапи на Израилот и за четири нема да го поштедам, бидејки тие продаваат праведен за сребро, и сиромав за две сандали.
7. Чезнеат да видат прав земен врз главите на сиромасите, и патот на кротките го искруваа; дури татко и син одеа при иста жена, за да го бесчестат Моето свето име.
8. При секој жртвеник лежат врз облеки, земени во залог, и вино изнудено од обвинети, пијат во домот на боговите свои.
9. Но Јас ги истребив пред нив Аморејците, чија височина беше како височината на кедар, и кој беше јак како даб; Јас го уништив плодот негов горе, а коренот негов долу.
10. Вас, пак, ве изведов од земјата Египетска и ве водев по пустињата четириесет години, за да ја наследите земјата Аморејска.
11. Од синовите ваши избирав лу е за пророци и од младичи ваши - за назореи; зар не е тата синови Израилеви? - вели Господ.
12. А вие ги поевте назореите со вино и на пророците им заповедавте: ‘не пророкувајте‘.
13. Еве, Јас ке ве притегнам, како што се стега кола, натоварена со снопја,
14. и брзиот не ке има сила за бегање, ни јакиот да издржи и храбриот да го спаси животот свој.
15. Ни оној, што стрела со лак, нема да се додржи, ниту брзиот ке избега, ниту пак оној на коњ ке го спаси животот свој.
16. И најхрабриот од храбрите во оној ден ке избега гол, вели Господ.

  Amos (2/9)