Amos (1/9)  

1. Зборовите на Амоса, еден од пастирите на Текоја, што ги чува во видение за Израилот во деновите на јудејскиот цар Озија, и во деновите на јудејскиот цар Јеровоам, синот Јоасов, две години пред потресот.
2. И рече тој: Господ ке загрми од Сион и ке го пушти гласот Свој од Ерусалим, и ке се расплачат кушите пастирски, и ке се исуши врвот на Кармил.
3. Така вели Господ: за трите престапи на Дамаск и за четирите нема да го поштеди, зашто го вршеа Галад со железни орудија.
4. Kе пуштам оган во домот Азаилов, и тој ке ги проголта дворците на Венадад.
5. Па ке ги разбијам резињата на Дамаск и ке ги истребам жителите од долината Авен, и оној, што држи жезал, од домот Еденов; народот Арамејски ке отиде во ропство во Кир, вели Господ.
6. Така вели Господ: за три престапи на Газа и за четири нема да ја поштедам, зашто тие ги одведоа сите во ропство, за да му ги предадат на Едома.
7. И ке испратам оган во sидовите на Газа и тој ке ги проголта дворците нејзини.
8. Па ке ги истребам жителите на Азот, и оној, што го држи жезалот во Аскалон, и ке ја свртам раката Своја против Екрон, и ке загине остатокот на Филистејците, вели Господ.
9. Вака вели Господ: за трите престапи на Тир и за четири нема да го поштедам, зашто тие му ги предадоа на Едома сите заробеници, и не се сетија за братскиот сојуз.
10. Kе пратам оган во sидовите на Тир, и тој ке ги проголта дворците негови.
11. Така вели Господ: за трите престапи на Едома и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги гонеше браката свои со меч, ги погази родбинските чувства, беше свиреп во гневот свој и секогаш ја држеше јароста своја.
12. Kе испратам оган врз Теман, и тој ке ги проголта дворците на Восор.
13. Така вели Господ: за трите престапи на синовите Амонови и за четири нема да ги поштедам, бидејки тие ги расекуваа бремените жени во Галад, за да ги прошират границите свои.
14. И ке запалам оган во sидовите на Рава, и тој ке ги проголта дворците нејзини со врисок во денот на бојот и со виот во денот на бурата.
15. И ке отиде царот нивни во ропство, тој и кнезовите негови заедно, вели Господ.

      Amos (1/9)