Acts (6/28)  

1. Bо тие денови, кога учениците се намножија, хеленистите се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа запоставувани при секојдневната поделба на храна.
2. Тогаш дванаесеттемина ги повикаа сите ученици и рекоа: "Не е праведно ние да го оставиме Божјото слово и да служиме околу трпезите.
3. Затоа, браќа, изберете меѓу себе седум мажи, со добар углед, полни со Светиот Дух и мудрост, на кои ќе им ја довериме таа должност,
4. а ние и натаму ќе им се оддадеме на молитвата и на службата на словото."
5. И предлогот му се допадна на народот, па беа избрани: Стефан, маж полн со вера и со Светиот Дух, потоа: Вилип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола, прозелит од Антиох.
6. Нив ги поставија пред апостолите, а овие, кога се помолија, ги положија рацете на нив.
7. А Божјото слово растеше и бројот на учениците во Ерусалим значително се зголемуваше, а и мнозина свештеници и се потчинија на верата.
8. А Стефан, полн со благодат и сила, правеше големи чуда и знаци меѓу народот.
9. Но станаа некои од синагогата, наречени Либертинци, Киринејци, Александријци и оние од Киликија и Азија, и се препираа со Стефан.
10. Меѓутоа не можеа да им се противстават на мудроста и на Духот со кои тој зборуваше.
11. Тогаш наговорија луѓе, кои изјавија: "Го чувме како хули против Мојсеј и Бог."
12. Така ги побунија народот, старешините и закониците, и нагрвалија на него, го фатија и го изведоа пред Советот.
13. Донесоа и лажни сведоци, кои рекоа: "Овој човек постојано хули против ова свето место и против Законот,
14. зашто чувме како зборува дека Овој Исус од Назарет, ќе го разурне ова место и ќе ги измени обичаите, што ни ги предаде Мојсеј."
15. А сите, кои седеа во Советот втренчено гледаа во него и видоа дека лицето му беше како на ангел.

  Acts (6/28)