Acts (3/28)  

1. Петар и Јован одеа кон Храмот во деветтиот молитвен час.
2. Тогаш донесоа еден човек, сакат од раѓањето. Него го поставуваа секој ден пред портата на Храмот, наречена Красна, за да проси милостина од оние што влегуваа во Храмот.
3. Штом ги виде Петар и Јован кога сакаа да влезат во Храмот, запроси да му дадат милостина.
4. А Петар, како и Јован, се загледа во него и му рече: "Погледај нè!"
5. А тој обрна внимание на нив, очекувајќи да добие нешто.
6. Но Петар му рече: "Немам ни сребро ни злато, а што имам, тоа ти давам: во името на Исус Христос Назареќанецот, оди!"
7. Тогаш го фати за десната рака и го исправи, а нему веднаш му зацврснаа стапалата и глуждовите, па
8. скокна, се исправи и прооде; и влезе со нив во Храмот, скокајќи и фалејќи Го Бог.
9. Така, целиот народ го виде како оди и како Го фали Бог.
10. И го препознаа дека тоа е оној што седеше пред Красната Порта на Храмот заради милостина, тики се исполнија со восхит и беа вон себеси поради тоа што му се случи.
11. Бидејќи тој не се одделуваше од Петар и Јован, восхитениот народ се собра околу нив во тремот наречен Соломонов.
12. А кога Петар го виде тоа, му се обрати на народот: "Мажи Израелци, зошто се чудите на ова или зошто гледате на нас, небаре ние со своја сила или побожност направивме овој да оди?
13. Богот на Авраам, Исак и Јаков, Богот на нашите татковци, Го прослави својот Слуга Исус, Кого вие Го предадовте и од Кого се откажавте пред Пилат, кога тој реши да Го ослободи.
14. Bие се откажавте од Светецот и Праведникот, и молевте да ви биде ослободен еден убиец,
15. а Го убивте Творецот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите, за што ние сме сведоци.
16. И врз основа на верата во Неговото име, овој кого го гледате и познавате го зацврсти Неговото име. А верата до која доаѓаме преку Него, му даде целосно здравје пред сите вас.
17. А сега, браќа, знам дека вие како и вашите началници, го направивте тоа од незнаење.
18. Но, Бог на тој начин го исполни тоа што го навестуваше однапред, преку устата на сите пророци: дека Неговиот Христос ќе пострада.
19. Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, та од Господовото присуство да дојдат времиња на освежување,
20. и да Го испрати Исус, Претскажаниот за вас Христос,
21. Кого небото треба да Го прими до времето кога ќе биде обновено сè, за кое Бог зборуваше од дамнина преку устата на Своите свети пророци.
22. Зашто Мојсеј беше рекол: 'Господ Бог ќе ви издигне од вашите браќа Пророк како мене, бидете Му послушни во сè што ќе ви рече!
23. А секоја душа, која не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребена од народот.'
24. А и сите пророци од Самоил па натаму, кои зборуваа, ги навестуваа овие денови.
25. Bие сте синови на пророците и на Заветот што Бог го склучи со вашите татковци кога му рече на Авраам: 'Bо твоето Семе ќе бидат благословени сите племиња на земјата.'
26. Бог првин вам ви Го подигна Својот Слуга и ви Го испрати за да ве благослови, со тоа што секого од вас ќе го одврати од вашите беззаконија."

  Acts (3/28)