2Thessalonians (1/3)  

1. Павле, Силван и Тимотеј до црквата на Солунците, во Бог нашиот Татко, и Господ Исус Христос:
2. Благодат вам и мир од Бог нашиот Татко и Господ Исус Христос.
3. Должни сме секогаш да Му благодариме на Бог за вас, браќа, како што прилега, зашто вашата вера расте многу; и се умножува меѓусебната љубов на секој од вас,
4. така што ние самите се фалиме со вас меѓу Божјите цркви заради вашата истрајност и вера сред прогонствата и маките, што ги поднесувате.
5. Тоа е знак на Божјиот праведен суд, за да се сметате достојни за Божјото царство, за кое и страдате.
6. Зашто праведно е Бог да им возврати со мака на оние кои ве измачуваат,
7. а вам, на измачуваните, олеснување заедно со нас, кога ќе се јави Господ Исус од небото, со Своите силни ангели,
8. во пламенен оган, за да им се одмазди целосно на оние кои не Го познаваат Бог и кои не му се покоруваат на Евангелието на нашиот Господ Исус.
9. Таквите ќе бидат казнети со вечна погибел далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата сила,
10. кога ќе дојде во оној ден, да се прослави во Своите светии и да Му се восхитуваат сите кои поверувале, зашто вие му поверувавте на нашето сведоштво.
11. Затоа и ние секогаш се молиме за вас, нашиот Бог да ве удостои да веповика и да исполни со моќ секоја добра волја во добрина и делото на вашата вера,
12. за да се прослави името на нашиот Господ Исус во вас и вие во Него, според благодатта на нашиот Бог и Господ Исус Христос.

      2Thessalonians (1/3)