2Samuel (9/24)  

1. И рече Давид: "Ако останал уште некој од Сауловиот дом, јас би му направил милост заради Јонатана."
2. Во Сауловиот дом имаше еден слуга, по има Сива; го повикаа кај Давида, и царот го праша: "Ти ли си Сива?" Тој одговори: "Јас сум твојот слуга".
3. и царот продолжи и рече: "Нема ли уште некој од Сауловиот дом? Би му направил милост Божја?" А Сива му одговори на царот: "Има еден Јонатанов син, кој е сакат."
4. Царот го праша: "Каде е тој?" Сива му одговори на царот: "Ете, тој е во куката на Махира, Амиеловиот син, во Лодевар."
5. Тогаш цар Давид испрати, та го зедоа од куката на Махира, Амиеловиот син, од Лодевар.
6. И Мемфивостеј, син на Јонатана, Саулов син, дојде при Давида, падна ничкум и му се поклони на царот. И рече Давид: "Мемфивостеј"! Тој одговори: "Еве, твој слуга сум јас."
7. И Давид му рече: "На плаши се; јас ке ти направам милост заради татка ти Јонатана и, ке ти ги вратам сите ниви на деда ти Саула, и ти секогаш ке јадеш леб на мојата трпеза."
8. Се поклони Мемфивостеј и рече: "Што е твојот слуга, та погледна милостиво на така мртов пес како мене?"
9. А царот го повика Сива, Сауловиот слуга, па му рече: "Се што му припа аше на Саула и на целиот негов дом, му го давам на синот на твојот господар;
10. обработувај ја, впрочем, за него земјата, ти, со твоите синови и твоите слуги, и донесувај ги плодовите најзини, за да има синот на господарот твој леб за исхрана; а Мемфивостеј, синот на господарот твој, секогаш ке јаде на мојата трпеза." Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги.
11. Тогаш му рече Сива на царот: "Се што му заповеда мојот господар на својот слуга, тој ке го изврши." Мемфивостеј јадеше на трпезата Давидова како еден од царските синови.
12. Мемфивостеј имаше малолетен син по има Миха. Сите, што живееја во куката на Сива, беа слуги на Мемфивостеј.
13. И Мемфивостеј живееше во Ерусалим, бидејки секогаш јадеше на царската трпеза. Тој беше сакат во обете нозе свои.

  2Samuel (9/24)