2Samuel (6/24)  

1. Давид пак собра избрани лу е од Израилот, триесет иљади.
2. Па стана и тргна Давид и сиот народ, што беше со него, од Ваал Јудин, за да го пренесе оттаму Божјиот ковчег, над кој се повикува името на Господа Саваот, Кој седи на херувими.
3. И го поставија Божјиот ковчег на нова кола и го изнесоа од Аминадавовата кука, која беше на ридот. А синовите Аминадавови, Оза и Ахио ја водеа новата кола.
4. Ја поведоа со Божјиот ковчег од Аминадавовата кука, која беше на ридот; и Ахио одеше пред Ковчегот Господов.
5. А Давид и сите синови Израилеви свиреа пред Господа на различни свирки од кипарисово дрво, на гусли, на псалтири, на тимпани, на цитри и на кимвали.
6. И кога дојдоа до Нахаровото гумно, Оза посегна со раката кон Божјиот ковчег за да го придржи, и се фати за него, бидејки воловите го беа наведнале.
7. Но Господ се разгневи на Оза, и за дрскоста Бог го порази на истото место, и тој умре таму при Божјиот ковчег.
8. Давид се нажали поради тоа што Господ го порази Оза. Тоа место и до сега се нарекува Озов пораз.
9. Тој ден Давид се исплаши од Господа и рече: "Како ке дојде кон мене Ковчегот Господов?"
10. И Давид не сакаше да го пренесе Ковчегот Господов кај себе, во Давидовиот град, и го остави во куката на Гетеецот Аведар три месеци, и Господ го благослови Аведара и целиот негов дом.
11. И остана Ковчегот Господен во домот на гетеецот Аведар три месеци; и Господ го благослови Аведара и сиот негов дом.
12. Кога му јавија на цар Давида и му рекоа: "Господ го благослови Аведаровиот дом и се што е во него, поради Божјиот ковчег", Давид отиде и свечено го пренесе Божјиот ковчег од Аведаровата кука во Давидовиот град.
13. И штотуку оние, што го носеа ковчегот Господов, изминаа шест чекори, тој принесуваше жртва по едно јунче и по еден овен.
14. Давид скокаше со сета сила пред Господа, а беше облечен со ленен ефод.
15. Така Давид и целиот Израилев дом го носеа ковчегот Госпдов со извици и звуци од труба.
16. Кога Ковчегот Господов влегуваше во Давидовиот град, Мелхола, Сауловата керка, гледаше од прозорецот нејзин и, откако го виде царот Давида како скока и игра пред Господа, го презре во срцето свое.
17. Го донесоа Ковчегот Господов и го поставија на местото негово среде скинијата, која Давид ја беше направил за него: и Давид принесе сепаленици пред Господа и мирни жртви.
18. Кога Давид заврши со принесувањето сепаленици и мирни жртви, тој го благослови народот во името на Господа Саваот;
19. и му раздаде на сиот народ, на целото множество Израилци од Дан дури до Вирсавија, и на мажи и на жени, на секого по еден леб, по парче печено месо и по еден колач од суво грозје. Потоа сиот народ се разотиде, секој во куката своја.
20. Кога се врати Давид, за да го благослови домот свој, Мелхола, Сауловата керка, излезе да го пречека и му рече: "Колку се прослави денес царот Израилев, разголувајки се пред очите на слугинките од слугите свои, како што се разголува прост човек."
21. А Давид и одговори на Мелхола: "Пред Господа ке играм; и благословен е Господ, Кој ме претпостави пред татко ти твој и пред целиот дом негов, поставувајки ме за водач на народот Господов, Израилот; пред Господа ке свирам и ке играм;
22. и уште повеке ке се понизам, и уште победен ке станам пред очите свои, и при сето тоа, пред слугинките, за кои што говориш, јас ке бидам славен."
23. А Мелхола, Сауловата керка, остана без рожба до денот на смртта своја.

  2Samuel (6/24)