2Samuel (5/24)  

1. Тогаш сите Израилеви племиња дојдоа кај Давида во Хеврон и рекоа: "Ете, ние сме твои коски и твоја плот;
2. уште вчера и завчера, додека царуваше Саул над нас, ти го изведуваше и го воведуваше Израилот; и Господ ти рече: ‘Ти ке го пасеш Мојот народ, Израилот, и ти ке бидеш водач на Израилот.‘"
3. Тогаш сите Израилеви стерешни дојдоа кај царот во Хеврон, и царот Давид склучи со нив завет пред Господа во Хеврон; и го помазаа Давида за цар над сиот Израил.
4. Давид беше на триесет години, кога се зацари; тој царуваше четириесет години.
5. Во Хеврон царуваше над Јуда седум години и шест месеци, а во Ерусалим царуваше триесет и три години над целиот Израил и над Јуда.
6. Царот тргна за Ерусалим заедно со лу ето свои против Евусејците, жители од оној крај; но тие му велеа на Давида: "Ти нема да влезеш тука; слепите и сакатите ке те избркаат", - тоа значеше: Давид нема да влезе тука.
7. Но Давид ја презеде тврдината Сион: Тоа е Давидовиот град.
8. Тој ден Давид рече: "Секој, убивајки Евусејци, нека поразува со копје и сакати и слепи, што ја мразат душата Давидова." Затоа и се вели: "Слеп и сакат нема да влезе во домот Господов."
9. И Давид се насели во тврдината, и ја нарече Давидов град, и изгради наоколу sид од крајот, па се до внатре.
10. И Давид напредуваше и се воздигаше, и Господ Бог Саваот беше со него.
11. Тирскиот цар Хирам испрати при Давида пратеници и кедрово дрво, дрводелци и каменоделци, и тие му изградина на Давида дом.
12. Давид разбра, дека Господ го одредил за цар над Израилот и го воздигнал царството негово заради Својот народ, Израилот.
13. Давид си зеде уште наложници и жени од Ерусалим, откако дојде од Хеврон.
14. И му се родија на Давида уште синови и керки. Еве ги имињата на оние, што му се родија во Ерусалим: Самус, Совав, Натан и Соломон,
15. Евеар, Елисуа, Нафек, и Јафија,
16. Елисама, Елидае, и Елифалет, Самае, Јосиват, Натан, Галиман, Еваар, Теисус, Елифалат, Нагев, Нафек, Јонатан, Леасамис, Валимат и Елифат.
17. Кога Филистејците слушнаа, дека Давид е помазан за цар на Израилот, сите Филистејци се кренаа да го бараат Давида. Давид чу и отиде во тврдината.
18. А Филистејците дојдоа и се сместија во Рефаимската долина.
19. И Давид го запраша Господа, велејки: "Да одам ли против Филистејците? Kе ги предадеш ли во рацете мои?" А Господ му одговори на Давида: "Оди, зашто Јас ке ги предадам Филистејците во рацете твои."
20. Тогаш Давид отиде во Ваал - Перасим и таму ги порази, и рече Давид: ‘Господ ги однесе пред мене непријателите мои, како вода што однесува.‘ Поради тоа и она место се нарече Ваал - Перасим.
21. Таму Филистејците ги оставија идолите свои, а Давид со лу ето свои ги зеде и заповеда да ги изгорат со оган.
22. Филистејците, пак, дојдоа и се улогорија во Рефаимската долина.
23. А Давид Го праша Господа: "Да одам ли против Филистејците, и ке ги предадеш ли во рацете мои?" Господ му одговори: "Немој да им излегуваш во пресрет, туку заобиколи ги одзади и нападни ги откај горичката на црници.
24. Кога ке чуеш шум како да минува некој по врвовите на црниците, тогаш појди, зашто тогаш Господ тргнал пред тебе, за да ја порази филистејската војска."
25. Давид направи како што му заповеда Господ, и ги порази Филистејците од Гаваја до Гезер.

  2Samuel (5/24)