2Samuel (4/24)  

1. Сауловиот син Јевостеј, откако чу, дека Авенир умрел во Хеврон, му отпаднаа рацете, и целиот Израил се збуни.
2. Сауловиот син имаше двајца воени началници; едниот се викаше Вана, а другиот - Рихав, синови на Вееротеецот Ремон, од Венијаминовите потомци, бидејки и Веерот се вбројуваше кон Венијамина.
3. И Вееротците избегаа во Гитаим и таму останаа како придојдени до денес.
4. Јонатан, Сауловиот син, имаше син куц. Синот беше на пет години, кога од Израил дојде известување за Саула и Јонатана, а хранителката, откако го зела, избегала. Бидејки таа бегала брзо, тој паднал и останал сакат. Името му беше Мемфивостеј.
5. И синовите на Вееротеецот Ремон, Рихав и Вана, тргнаа и стигнаа по најголемата дневна горештина до куката на Јевостеј, којшто спиеше попладне во леглото свое.
6. А вратарот на куката, кој чистеше пченица, беше задремал и заспал; Рихав и братот негов Вана влегоа во куката, оа да земат пченица, го прободоа во стомахот и избегаа.
7. Кога тие влегоа во куката, Јевостеј лежеше на леглото свое, во својата спална; тие го удрија и го убија; ја пресекоа главата негова, ја зедоа со себе и цела нок одеа по пустињскиот пат;
8. му ја донесоа на Давида во Хеврон Јевостеевата глава и му рекоа на царот: "Еве ја главата на Јевостеј, синот на Сула, твојот непријател, којшто ја бараше душата твоја; сега Господ се одмазди за мојот господар - царот Саула (твојот непријател) и на потомството негово.
9. Давид му одговори на Рихава и на братот негов Вана, синови на Вееротеецот Темон, и им рече: "Жив е Господ, Кој ја спаси душата моја од секаква жалост!
10. Ако тогаш, којшто ми донесе известување, велејки: "Ете, умре Саул и Јонатан", и којшто се мислеше за радосен известител, јас го фатив и го убив во Секелаг, неместо да му дадам награда,
11. тоа сега, кога невредници убија невин човек во куката негова, во неговото легло, зар нема да ја побарам крвта негова од вашата рака и нема да ве истребам од земјата?"
12. И Давид им заповеда на слугите, и тие ги убија, им ги пресекоа рацете и нозете нивни и ги обесија крај базенот за вода во Хеврон. А Јевостеевата глава ја зедоа и ја погребаа во гробот на Авенир во Хеврон.

  2Samuel (4/24)