2Samuel (3/24)  

1. Борбата ме у Сауловиот дом и Давидовиот дом траеше долго. Давид се повеке се засилуваше, а Сауловиот дом се повеке ослабнуваше.
2. На Давида му се родија синови шест во Хеврон. Првороден му беше Амион од Израелката Аиноама,
3. а вториот син му беше Далуја од Кармелитката Авигеја, бивша Навалова жена; третиот - Авесалом, син на Мелха, керка на Толми, гесурскиот цар;
4. четвртиот - Адонија, син на Агита; петтиот Сафатија, син Авиталинов;
5. шестиот Јетерам од Егла, Давидова жена. Тие му се родија на Давида во Хеврон.
6. И додека траеше борбата ме у Сауловиот дом и Давидовиот дом, Авенир го поддржуваше Сауловиот дом.
7. Саул имаше наложница, по име Рисфа, керка на Аја. И Авенир влезе при неа. И му кажа Јевостеј на Авенира: "Зошто влезе при татковата ми наложница?"
8. Авенир многу се налути од зборовите на Јевостеја и рече: "Зар сум јас песја глава? Јас денес направив милост кон домот на татко ти Саула, кон браката негови и пријателите нагови против Јуда, и не те предадов во рацете на Давида, а ти сега заради една жена бараш во мене грев!
9. Господ нека му напраи тоа и тоа на Авенира, и уште повеке да му додаде! Како што Господ му се заколна на Давида, така и нека направи денес за него:
10. Нека се одземе царството од Сауловиот дом и да се постави Давид на престолот над Израилот и над Јуда, од Дан до Вирсавија."
11. И Јевостеј не можеше ништо повеке да му одговори на Авенира, бидејки се плашеше од него.
12. А Авенир испрати од своја страна пратеници до Давида во Хеврон, каде што се нао аше, да кажат: "Чија е оваа земја?" и да му кажат уште: "Склучи сојуз до мене, и раката моја ке биде со тебе, за да го свртам кон тебе сиот израилски народ."
13. Давид му одговори: "Добро, ке склучам со тебе сојуз, само за едно те молам, односно - ти нема да го видиш лиицето мое, ако не ја доведеш со себе Мелхола, Сауловата керка, кога ке дојдеш да се видиш со мене."
14. Тогаш Давид испрати пратеници до Јевостеја, Сауловиот син, да му кажат: "Врати ја жена ми Мелхола, која ја добив за сто филистејски краеобрезоци."
15. Тогаш Јевостеј испрати, та ја зеде од мажот нејзин Фалтија, Лаишев син.
16. Со неа тргна и мажот нејзин и со плачење ја придружи до Бахурим; но Авенир му рече: "Врати се!" И тој се врати.
17. Авенир се обрна кон старешините Израилеви, велејки: "И вчера и завчера вие сакавте Давид да ви биде цар;
18. направете го тоа сега, зашто Господ му рекол на Давида: "Преку раката на Мојот слуга Давида ке го спасам народот свој Израил од раката на Филистејците и од раката на сите непријатели негови."
19. Истото им го говореше Авенир и на Венијаминовците. И отиде Авенир во Хеврон, за да му јави на Давида се, што сака Израил и целиот Венијаминов дом.
20. Авенир дојде при Давида во Хеврон и заедно со него дваесет мажи, а Давид ги нагости Авенира и лу ето, што беа со него.
21. Авенир му рече на Давида: "Kе станам и ке одам да го соберам околу господарот свој сиот израилски народ, и тие ке стапат во завет со тебе, и ти ке царуваш над сите, како што сака душата твоја." Тогаш го отпушти Авенира, и тој си отиде со мир.
22. И ете, Давидовите слуги задно со Јоава се вратија од походот и донесоа со себе голем плен; но Авенира го немаше веке при Давида во Хеврон, зашто Давид го беше испратил, и тој си беше отишол со мир.
23. Кога Јоав и сета војска, што беше одела со него, дојдоа, му раскажаа на Јоава: доа аше Авенир, Нировиот син, при царот, и тој го испрати, и тој си отиде со мир.
24. И Јоав дојде при царот и рече: "Што си направил? Ете, Авенир доа ал при тебе, зошто си го испратил и тој си отишол?
25. Ти го знаеше Авенира, Нировиот син: тој доа а да те излаже, да дознае, каде влегуваш и каде излегуваш, и да извиди се што вршиш."
26. Јоав излезе од Давида и испрати брзоотци по Авенира; и тие го вратија од кладенецот Сира, без да знае Давид.
27. Кога Авенир се врати во Хеврон, Јоав го одведе внатре зад вратата, божем ке зборува со него тајно, и таму го прободе во стомакот. И Авенир умре за крвта на Асаила, Јоавовиот брат.
28. Подоцна, кога чу Давид за тоа, рече: "Не сум виновен јас ниту царството мое пред Господа засекогаш за крвта на Авенира, Нировиот син;
29. нека падне таа врз главата на Јоава и врз целиот негов татков дом; во домот на Јоава секогаш нека има човек со семетечение, или лепрозен, или што се потпира на стап, или кој па а од меч, или кој има потреба од леб."
30. А Јоав и братот негов Авес го убија Авенира, поради тоа што тој го уби братот нивни Асаил во битката при Гаваон.
31. И Давид му рече на Јоава и на сите лу е, што беа со него: "Раскинете ги алиштата свои и облечете се во врекишта и оплакувајте го Авенира." И царот Давид одеше по носилката негова.
32. Кога го погребаа Авенира во Хеврон, царот плачеше со висок глас над Авенировиот гроб; плачеше и сиот народ.
33. И царот го оплака Авенира, со оваа тажачка: "Зар како безумник требаше да умре Авенир?
34. Рацете твои не беа врзани, нозете твои не беа оковани; и ти падна, како што па аат од разбојници." Тогаш целиот народ почна уште повеке да го оплакува.
35. Тогаш сиот народ дојде да му поднесе на Давида леб, додека уште не беше се стемнило, но Давид се заколна, велејки: "Нека ми напарви Бог тоа и тоа и уште повеке да ми направи, ако каснам леб или нешто друго до зајдисонце."
36. И целиот народ дозна за тоа, и тоа му се допадна, и се што правеше царот, му се допа аше на сиот народ.
37. Тој ден целиот народ и сите Израилци дознаа, дека убиството на Авенира, Нировиот син, не станало од царот.
38. Тогаш царот им рече на слугите свои: "Знаете ли, дека денес еден водач и голем маж падна во Израилот?
39. Јас сум сега уште слаб, иако сум помазан за цар, а тие лу е, Саруевите синови, се посилни од мене; но на оној, кој што прави зло, Господ да му врати според злобата негова."

  2Samuel (3/24)