2Samuel (24/24)    

1. Гневот Господов пак се разгори против Израилците и го поттикна ме у нив Давида да рече: "Оди, преброј го Израилот и Јуда."
2. И царот му кажа на војводата Јоав, кој беше при него: "Обиколи ги сите племиња Израилеви и Јудини од Дав до Вирсавија, и пребројте го народот, за да знам, колку народ има."
3. Јоав му рече на царот: "Господ, Бог твој, да го умножи народот толку, колку што е, и уште стократно толку, и очите на господарот мој царот да го видат тоа; но зошто мојот цар - господар го бара тоа сега?"
4. Но царскиот збор кон Јоава и воените началници надвладеа. И Јоава заедно со воените началници излезе од царот да го поребројува Израилскиот народ,
5. Тие го минаа Јордан и се здржаа во Ароир, десно од градот, што е среде долината Гад и Елиезер,
6. и дојдоа во Галад и во земјата Тахтим - Ходиш; и стигнаа во Гавастан и Истан и го заобиколија Сидон;
7. дојдоа во Тирската тврдина и во сите хевејски и хананејски градови, излегоа на југ од Јудеја, во Вирсавија,
8. ја обиколија целата земја и стигнаа во Ерусалим по девет месеци и дваесет дена.
9. Јоав му го предаде на царот списокот за народното пребројување; и излезе, дека Израилци имаше осумстотини иљади мажи, силни, способни за војна, а Јудејци - петстотини иљади.
10. И откако Давид го преброи народот, срцето му затрепка. И му рече Давид на Господа: "Тешко згрешив, што постапив така; и сега Ти се молам, Господи, прости му го гревот на Твојот слуга, зашто јас постапив многу неразумно."
11. Кога Давид стана на другиот ден изутрина, би слово Господово кон пророкот Гад, Давидов јасновидец:
12. "Оди и кажи му на Давида: вака вели Господ: три казни ти предлагам; одбери се една од нив, што ке се исполни над тебе."
13. И дојди Гад при Давида, му соопшти и рече: "Одбери си, глад ли да биде во земјата твоја седум години, или три месеци да бегаш од непријателите свои, и тие да те гонат, или, пак, три дни да владее помор во твојата земја? Сега размисли и реши, што да Му одговорам на Оној, Кој ме испрати."
14. Давид му одговори на Гад: "Многу ми е тешко; но нека паднам во рацете на Господа, зашто големо е Неговото милосрдие; само да не паднам во човечки раце." И Давид избра помор во времето на пченичната жетва.
15. И испрати Господ помор врз Израилците од утрината до определеното време. И помор почна во народот и умреа од народот, од Дан до Вирсавија, седумдесет иљади души.
16. И Ангел Божји ја испружи раката своја над Ерусалим, за да го опустоши; но Господ се покаја за злото и му кажа на Ангелот, кој го поразуваше народот: "Доста, сега спушти ја раката своја." А Божјиот Ангел тогаш беше при гумното на Евусеецот Орна.
17. Кога Давид го виде Ангелот, кој што го поразуваше народот, Му рече на Господа, велејки: "Ете, јас згрешив, јас пастирот постапив беззаконо; но овие овци што направиле? Затоа Твојата рака нека се сврти против мене и против татковиот ми дом."
18. И во тој ден дојде Гад при Давида и рече: "Оди изгради му жртваник на Господа врз гумното на Евусеецот Орна."
19. Тогаш Давид отиде според зборот на продокот Гад, како што беше заповедал Господ.
20. Орна погледна и виде, дека царот и слугите негови доа аат при него; излезе Орна и му се поклони на царот ничкум до земја.
21. Орна праша: "Зошто дошол мојот цар - господар при својот слуга?" Давид му одговори "Да го купам од тебе гумното, за да изградам жртвеник на Господа, та да престане поморот во народот."
22. Орна му рече на Давида: "Господарот мој, царот, нека земе и принесе жртва што му е по воља. Ете, воловите за сепаленица, и колата и уредите за впрегнување на воловите - за дрва.
23. Сето тоа, царе, Орна му го дава на царот." Орна му кажа уште на царот: "Господ, твојот Бог, нека биде милостив кон тебе!"
24. Но царот му рече на Орна: "Не, јас ке ти платам, колку што чини, и нема да му принесам на Господа, мојот Бог, жртва, земена како дар." И Давид го купи гумното и воловите за педесет сикли сребро.
25. Давид изгради таму жртвеник на Господа и принесе сепаленици и мирни жртви. Подоцна Соломон го прошири жртвеникот, бидејки беше мал. И Госопод се смилостиви над земјата и поморот кај Израилците престана.

  2Samuel (24/24)