2Samuel (23/24)  

1. Еве ги последните Давидови зборови, словото на Јесеевиот син Давида, беседата на оној маж, кој е високо поставен, на помазаникот на Бога Јаковов и на слаткопевецот Израилев:
2. "Духот Господов говори во мене, и словото Негово е на јазикот мој.
3. Рече Бог Израилев, говори за мене карпата Израилева: Оној, што господари со лу ето, нека биде праведен, да господари со страв Божји.
4. И како што изутрина на разденување, при изгрејсонце на безоблачно небо, од греењето по дожд изразнува од земјата трева,
5. така е и со мојот дом во Бога. Зашто Он склучи со мене завет вечен, цврст и неизменлив. Така излегува од Него сето мое спасение и сета моја желба.
6. А нечестивите ке бидат како исфрлено трње, кое не се фака со рака;
7. но кој сака да се допре до него, се вооружува со железо или со дрво од копје, и на местото во оган го изгорува."
8. Еве ги имињата на јунаците Давидови: Хананеецот Евостеј, главен ме у тројцата: тој го крена копјето свое против осумстотини души и ги порази наеднаш.
9. По него беше Елеазар, син од братот на татка му, еден од тројцата јунаци што беа со Давида и кои со префрлувања ги предизвикуваа Филистејците, кога тие се беа собрале да војуваат.
10. Израилците излегоа против нив, и тој застана и ги поразуваше Филистејците дотаму, додека му се измори раката и се прилепи до мечот. И во тој ден Господ даде голема победа, и народот тргна по него, само за да ги собира убиените.
11. По него - Сама, син на Харовитецот Агеј. Кога Филистејците се собраа во Тирија, каде што имаше нива засеана со лека, народот избега од Филистејците,
12. но тој застана среде нивата и ја заштити и ги порази Филистејците. И тогаш Господ даде голема победа.
13. Тие тројца главни ме у триесетте војводи отидоа и влегоа по жетва при Давида во Одоламската пештера, кога филистејските војници стоеја во долината на Рефаим.
14. Тогаш Давид беше во укрепено место, а филистејската војска во Витлеем.
15. Давид побара да пие и рече: "Кој ке ми донесе да пијам вода од Витлеемскиот кладенец, што е при портите?"
16. Тогаш тие тројцата јунаци се провреа низ Филистејскиот логор, зафатија вода од Витлеемскиот кладенец, што е при портите, и зедоа, па му донесоа на Давида. Но тој не сакаше да ја пие, туку ја излеа во слава на Господа,
17. и рече: "Да ме чува Господ да го направам тоа! Не е ли тоа крв на лу ето, што одеа, со опасност по животот свој?" И не сакаше да пие. Ете што извршија тие тројца јунаци!
18. А Авеса, братот на Саруевиот син Јоав, беше главен ме у тројцата; тој уби со копјето свое триста души и се прослави ме у тие тројца.
19. Ме у тројцата тој беше највиден и им стана началник, но на оние тројца не им беше рамен.
20. Ванеја, син на храбиот маж Јодаја, од Кавсаил, голем по делата, ги порази двајцата синови на Ариила Моавски; тој истиот слезе во еден ров и уби лав по снежно време;
21. тој уби и еден Египтјанин, виден човек; Египтјанинот имаше во раката копје, а тој излезе против него со стап и го грабна копјето од раката на Египтјанинот и го уби со неговото копје, -
22. ете, тоа го изврши Јодаевиот син Ванеја, и беше славен ме у тројцата јунаци;
23. тој беше повиден од триесетте, на оние тројца не им беше рамен. И Давид го постави за најблизок извршител на заповедите свои.
24. Еве ги имињата на силните при царот Давида: Асаил, братот на Јоава - во бројот на триесетте; Елхаанан, синот на Додо, од Витлеем,
25. Сама Харотитецот, Елика Харотитецот,
26. Хелис Келотицот, Ира, синот на Екиса,
27. Авиезер Анатотецот, Савукеј од Асотит,
28. Елаон Неотитски, Махарај Нетофатецот,
29. Хелев Нетофатецот, син Ванин, Итај, син на Ривеја од синовите Венијаминови во Гива,
30. Ванеас Фаратоитски, Идај од Нахле-Гааш.
31. Ави-Албои Арбатитецот, Азмавет Бархумитецот,
32. Елихајба Шалбонецот; од синовите на Јашена - Јонатан,
33. Сама Арарарин, Ахијам, син Сараров,
34. Елифелет, син Асвезов, син на Маахатинец, Елијам Гилонецот, син на Ахитофела,
35. Серај Кармелитец, Фареј Арбитец,
36. Игал, Натанов син - од Сова, Вани од Гад,
37. Селек Амониецот, Нахареј Беротецот, оруженосец на Јоава, Саруев син,
38. Ирас Етирски, Гарев Јетрејски,
39. Урија Гетејски. Се - триесет и седум.

  2Samuel (23/24)