2Samuel (21/24)  

1. Во дните на Давида имаше по земјата три години глад, година по година. Давид го праша Господа. И Господ рече: "Тоа е поради Саула и крвничкиот дом негов, поради тоа што ги погуби Гаваонците."
2. Тогаш царот ги повика Гаваонците и зборуваше со нив. Гаваонците не беа од Израилевите синови, туку остатоци од Аморејците, на кои Израиците им беа дале клетва, но Саул сакаше да ги истреби од ревност кон потомците на Израилот и на Јуда.
3. И Давид им рече на Гаваонците: "Што да направам за вас и со што да ве задоволам, за да го благословите наследството Господово?"
4. Гаваонците му одговорија: "Не ни треба ни сребро, ни злато од Саула, ниту од неговиот дом, не ни треба ни да се убива кој и да било од Израилот." Тој праша: "А што сакате? Јас ке направам."
5. Тие му одговорија на царот: "Од оној човек, што не погубуваше и сакаше да не истреби, та да не нема во ниеден од Израилевите предели, -
6. од неговите потомци предај ни седум души, и ние ке ги обесиме среде бел ден пред Господа во Гива, градот на Саула, избраник Господов." А царот рече: "Kе ви предадам."
7. Но царот го пожали Мемфивостеја, синот на Јонатана, Саулов син, поради клетвата во имато Господово, која беше ме у нив, ме у Давида и Сауловиот син Јонатан.
8. И царот го зеде Армона и Мефивостеја, двајцата синови на Ресфа, од керка на Аија, која му ги беше родила на Саула, и петте синови на Мелхола, Саулова керка, што му ги беше родила на Ездрила, син на Мохулатецот Верзелиј,
9. и ги предаде во рацете на Гаваонците, и тие ги обесија среде бел ден на гората пред Господа. И загинаа сите тие седум души заедно; тие беа погубени во првите дни на жетвата, во почетокот на јачменовата жетва.
10. Тогаш Рисфа, керката на Аија, зеде врекиште, си го посла на онаа гора и седеше од почетокот на жетвата, се додека се излеаја врз нив од небото Божјите води, и не остави да се допрат до нив и птиците небески и ноке - полските sверови.
11. И му соопштија на Давида, што направила Ресфа, керката на Аија, Саулова наложница. И тие истлеани, ги прибра Дан, синот на Јоја, од потомците на исполините.
12. Давид отиде, та ги прибра коските на Саула и коските на синот негов Јонатан од жителите на Јавис Галадски, кои ги беа зеле тајно од плоштадот на Вет-Сан, каде што ги беа обесиле Филистејците, кога Филистејците го убија Саула во Гелвуја.
13. Тој ги пренесе оттаму коските на Саула и коските на синот негов Јонатан; и ги собра коските на обесените среде бел ден.
14. И ги погреба коските на Саула и на синот негов Јонатан, и коските на обесените среде бел ден во земјата Венијаминова, во Сила, во гробот на татко му Киса. И извршија се, што беше заповедал царот. И потоа Бог се смили над земјата.
15. И започна пак војна ме у Филистејците и Израилците. И излезе Давид и слугите негови со него и војуваа со Филистејците; и Давид се умори.
16. Тогаш Јесвеј, еден од Рефаимовите потомци, чие копје тежеше триста сикли бакар и кој беше препашан со нов меч, сакаше да го погуби Давида.
17. Но Авеса, Сауревиот син, му помогна, и Авеса го спаси Давида и го удри Филистеецот и го уби. Тогаш Давидовите лу е се заколнаа и рекоа: "Ти нема повеке да излегуваш со нас во војна, за да не згасне светилото Израилево."
18. Потоа пак имаше војна со Филистејците во Гет; тогаш Совохај го уби Сафута, еден од Рефаимовите потомци.
19. Стана и друга битка во Гет; тогаш Елханан, синот на Ариоргима Витлеемецот, го уби Гетецот Голијат, на кого дршката на копјето му беше колку ткаечко кросно.
20. Стана уште една битка во Гет; и таму имаше еден купен човек, исто така од Рефаимовите потомци, со по шест прсти на рацете и на нозете, се дваесет и четири.
21. Тој ги навредуваше Израилците; но Јонатан, синот на Сафаја, Давидовиот брат, го уби.
22. Тие четворицата беа од родот на Рефаимовиците во Гет, и паднаа од раката на Давида и на слугите негови.

  2Samuel (21/24)