2Samuel (2/24)  

1. Потоа ДАвид Го праша Господа, велејки: "Да отидам ли во некој од Јудините градови?" И Господ му рече: "Оди." Давид пак праша: "Каде да одам?" И Он му рече: "Оди во Хеврон."
2. И Давид отиде таму со двете жени свои: Израелката Ахиноама и Камелитката Авигеја, бивша Навалова жена.
3. Давид ги одведе и лу ето, што беа со него, секој со челадта своја, и се населија во градот Хеврон.
4. И дојдоа мажите Јудини и таму го помазаа Давида за цар над Јудиниот дом. Тогаш му јавија на Давида, дека жителите од Јавис Галадски го погребале Саула.
5. И Давид испрати претеници до жителите на Јавис Галадски да им кажат: "Благословени да сте пред Господа, поради тоа што ја направивте таа милост на господарот свој Саула, помазаникот Господов, и што сте го погребале и синот негов Јонатана;
6. и Господ нека ве награди со милост и вистина; и јас ке ви направам добро, поради тоа што го направивте вие ова.
7. А сега нека се зацврстат рацете ваши и бидете храбри, зашто господарот ваш Саул умре, и домот Јудин ме помаза мене за цар над себеси."
8. Но Авенир, Нировиот син и војвода над Сауловата војска, го зеде Јевостеја, Сауловиот син, го одведе во Маханаим,
9. и го постави за цар над Галад, Ашур и Језраел, над Ефрема и Венијамина и над сиот Израил.
10. А Јевостеј, Сауловиот син, беше на четириесет години, кога се зацари над Израилот, и царуваше две години. Само Јудиниот дом остана со Давида.
11. Сето време, во кое Давид царуваше во Хеврон над Јудиниот дом, беше седум години и шест месеци.
12. Потоа отиде Авенир, Нировиот син, и слугите на Сауловиот син Јевостеј, од Маханаим во Гаваон.
13. Излезе и Јоав, синот Саруев, со Давидовите слуги и се сретнаа при Гаваонскиот поток, и застанаа еден од едната страна на потокот, а другиот - од другата страна на потокот.
14. А Авенир му рече на Јоава: "Нека станат момците и нека се борат пред нас." И Јоав рече: "Нека станат."
15. И станаа, та отидоа дванаесет Венијаминци од страната на Јевостеја, Сауловиот син, и дванаесетте Давидови слуги.
16. И тие се фатија еден со друг за главите, си забија еден на друг меч во слабините и паднаа заедно. И тоа место беше наречено Хелкат-Хасурим, кое е во Гаваон.
17. И во оној ден стана многу жестока борба, а Авенир со Израилските лу е беше победен од Давидовите слуги.
18. Таму беа тројца синови Саруеви: Јоав, Авеса и Асаил. А Асаил беше со лесни нозе, како срна во полето.
19. Асаил почна да го гони Авенира и го гонеше, а да не скршнува ни десно, ни лево од стапките на Авенира.
20. Авенир се сврте назад и рече: "Ти ли си, Асаиле?" Тој одговори: "Јас сум."
21. И Авенир му рече: "Скршни десно или лево, избери си еден од момците и земи го неговото оружје." Но Асаил не сакаше да го остави.
22. И Авенир повторно му рече на Асаила: "Остави ме, да не те соборам на земја; со какво лице тогаш ке се јавам пред братот твој Јоава?"
23. Но оној не сакаше да отстапи. Тогаш Авенир го сврти копјето и го прободе во стомахот; копјето мина низ него, и тој падна таму и умре на местото. Сите што минува низ тоа место, каде што беаше паднал и умрел Асаил, застануваа.
24. Јоав и Авеса го гонеа Авенира. Сонцето веке беше зајдено кога стигнаа до ридот Ама, спроти Гај, на патот за Гаваонската пустиња.
25. А Венијаминовите синови се собраа околу Авенира и образуваа чета и застанаа на врвот од еден рид.
26. И Авенир извика кон Јоава и рече: "Вечно ли меч ке истребува? Или не знаеш, дека подоцнежните ке бидат горчливи? И кога ке им кажаш на лу ето да престанат да ги гонат браката свои?"
27. А Јоав рече: "Жив Бог! Ако ти не говореше поинаку, уште ова утро лу ето сакаа да престанат да ги гонат браката свои."
28. И Јоав затруби со труба и сиот народ застана, и повеке не ги гонеа Израилците; битката престана.
29. Авенир, пак, и лу ето негови врвеа преку полето цалата нок, го преминаа Јордан, минаа преку целиот Витрон и стигнаа во Маханаим.
30. Се врати и Јоав од гонењето на Авенира и го собра сиот народ, а од Давидовите слуги, освен Асаила, недостигаа деветнаесет души.
31. А Давидовите слуги ги поразија Венијаминовите и Авенировите лу е, од кои паднаа триста и шеесет души.
32. И го зедоа Асаила и го погребаа во Витлеем, во татковиот му гроб. А Јоав со лу ето свои одеше цела нок и во зорите стигна во Хеврон.

  2Samuel (2/24)