2Samuel (19/24)  

1. Му соопштија на Јоава: "Ете, царот плаче и тагува за Авесалома."
2. И победата во оној ден се претвори во плачење за целиот народ: зашто тој ден народот чу и велеше, дека царот жали за синот свој.
3. Тогаш народот влегуваше во градот скришно, како што се притајуваа од срам лу ето што избегале од борба.
4. А царот го покри лицето и викаше високо: "Сине Авесаломе, Авесаломе, сине мој, сине!"
5. Потоа Јоав дојде при царот дома и рече: "Ти денес ги посрами сите слуги свои, кои го спасија денес животот твој, животот на твоите синови, и керки, животот на твоите жени и животот на твоите наложници;
6. ти ги сакаш оние, што те мразат, а ги мразиш оние, што те сакаат, бидејки денес покажа оти за тебе се ништо и водачите и слугите; денес разбрав, дека тебе ке ти беше попријатно ако Авесалом останеше жив, а ние сите да бевме изумреле;
7. затоа стани, излези и позборувај им по срце на слугите твои; зашто, се колнам во Господа, дека, ако не излезеш, оваа нок, ниеден човек нема да остане со тебе; тоа ке биде за тебе полошо од сите беди што те снашле од младини до денес."
8. Стана царот и седна при портите, а на сиот народ му јавија, дека царот седи при портите. И сиот народ дојде пред царот пред портите; а Израилците се разбегаа по шаторите свои.
9. И сиот народ од сите колена Израилеви се препираше и велеше: "Царот Давид не спаси од рацете на напријетелите наши и не ослободи од рацете на Филистејците, а сега самиот избега од оваа земја, од царството свое, од Авесалома.
10. Но Авесалом, кого го помазавме за цар над нас, умре во борбата; а сега зошто одолговлекувате, та не го враката царот?" Овие зборови на сиот Израил стигнаа до царот.
11. Тогаш царот Давид испрати да им кажат на свештениците, на Садока и на Авијатара, кажете им на Јудините старешини: "Зошто сакате да бидете последни во вракањето на царот во домот негов, кога зборовите на сиот Израил стигнаа до царот во домот негов.
12. Вие сте мои брака, вие сте моја коска и моја плот, зошто сакате да бидете последни за вракањето на царот во домот негов?"
13. А на Амесај кажете му: ‘Не ли си ти моја коска и моја плот? Господ нека ми направи тоа и тоа и уште повеке да ми додаде, ако ти не станеш при мене засекогаш воен началник место Јоава!‘
14. И склони го срцето на сите Јудеи како на еден човек. И тие испратија да му кажат на царот: ‘врати се ти и сите твои слуги.‘"
15. Се врати царот и стигна до Јордан, а Јудеите дојдоа во Галгал да го пречекаат царот и да го преведат преку Јордан.
16. И Семеј, синот Гирин, Венијаминец од Ватурим, побрза и отиде со Јудејците да го пречека царот Давида;
17. а заедно со него имаше иљада Венијаминци, и Сива, слугата на Сауловиот дом, со петнаесетте синови свои и со дваесетте слуги свои; тие го преминаа Јордан пред лицето на царот и подготвија да мине царот преку Јордан.
18. Кога го доведоа коработ, за да ја пренесат челадта на царот и да му послужат, тогаш Симеј, синот Гирин, пакна ничкум пред царот, штом тој го премина Јордан,
19. и му рече на царот: "Господаре, не ми го сметај за престап и не го спомнувај она, со кое згреши слугата твој во оној ден, кога мојот господар излегуваше од Ерусалим, и не го ставај тоа, цару, на срце;
20. зашто слугата твој знае дека згрешил; и, ете, од целиот Јосифов дом дојдов денес прв да го пречекам господарот свој, царот."
21. Авеса, Саруевиот син, проговори и рече: "Зар Семеј нема да умре, поради тоа што зборуваше лошо за помазаникот Господов?"
22. А Давид рече: "Што ви е вам до мене, синови Саруеви, та сега ми станувате клеветници? Денес ли треба да убивате кого и да било од Израилот? Не знам ли јас, дека денес сум цар над Израилот?"
23. Тогаш му рече царот на Семеја: "Ти нема да умреш." И царот му се заколна.
24. Излезе да го пречека царот и Мамфивостеј, синот на Јонатана, Саулов син. Тој не си ги беше измил нозете, ниту ги исекол ноктите, не беше се грижел за брадата своја и не ги беше испрал алиштата свои од оној ден, кога царот излезе, до денот кога се врати со мир.
25. Кога тој излезе од Ерусалим да го пречека царот, царот го праша: "Мемфивостеј, зошто не дојде со мене?"
26. Овој одговори: "Господаре мој, цару, мојот слуга ме излага, зашто јас, слугата твој, си велев: ‘ке го оседлам оселот, ке се качам на него и ке отидам со царот, бидејки слугата твој е сакат.
27. А тој го наклевети слугата твој пред господарот мој, царот. Но мојот господар, царот, е како Ангел Божји: прави што ти е воља;
28. макар и целиот мој татков дом да беше заслужил смрт пред мојот господар, но ти го постави својот слуга ме у твоите сотрпезници; какво право имам, пак, уште да се поплакувам пред царот?‘"
29. А царот му рече: "Зошто го зборуваш сето ова? Јас реков, ти и Сива да ги поделите ме у себе нивите."
30. Но Мемфивостеј му одговори на царот: "Нека земе тој дури и се, откако мојот господар - цар се врати со мир во домот свој."
31. Дојде од Рогелим и Галадецот Верзелиј и го мина со царот Јордан, за да го придружи од онаа страна на Јордан.
32. А Верзелиј беше многу стар, на осумдесет години. Тој го хранеше царот, додека живееше во Маханаим, бидејки беше имотен човек.
33. Царот му рече на Верзелиј: "Дојди со мене, и јас ке те хранам во Ерусалим."
34. Но Верзелиј му одговори на царот: "Многу ли ми останува да живеам, та да одам со царот во Ерусалим?
35. Сега сум на осумдесет години; ке разликувам ли добро од лошо? Kе го распознае ли слугата твој вкусот на тоа, што ке го јаде и ке го пие? И ке можам ли да го слушам гласот на пеачите и пеачките? Зошто, пак, слугата твој да му биде товар на својот цар - господар?
36. Слугата твој ке го придружи уште малку царот од оваа страна на Јордан: зашто, впрочем, царот да ме наградува со таква милост?
37. Дозволи му на слугата твој да се врати и да умре во својот град, крај гробот на татка си и на мајка си своја. Но, ете, слугата твој, синот мој Хамам, нека отиде со мојот цар - господар, и ти постапи со него, како што ти е воља."
38. Царот му рече: "Нека дојде Хамам со мене, и јас ке направам за него, она што ти е воља; и се, што би посакал ти од мене, ке направам за тебе."
39. Тогаш сиот народ го премина Јордан, и царот исто така. Царот го бакна Верзелија и го благослови и тој се врати во домот свој.
40. И царот тргна за Галгал; тргна со него и Хамам; и сиот јудејски народ и половината Израилски народ го придружија царот.
41. И, ете, сите Израилци дојдоа при царот и му рекоа: "Зошто нашите брака, мажите Јудини, те грабнаа тебе, и го преведоа преку Јордан царот и челадта негова и заедно со него и сите Давидови лу е?"
42. Сите Јудини мажи им одговорија на Израилците: "Затоа, што царот ни е нам близок; и зошто се лутите поради тоа? Зар сме изеле нешто од царот, или сме добиле од него дарови? Или не ослободил од даноци?
43. А Израилците им одговорија на Јудините мажи и рекоа: "Ние сме десет делови во царот, исто така и за Давида ние сме првенец, а не вие; зошто, пак, не унижија? Нели нам ни се па аше првиот збор, за да го вратиме нашиот цар? Но зборот на Јудините мажи беше посилен од зборот на Израилците."

  2Samuel (19/24)