2Samuel (18/24)  

1. Давид ги прегледа лу ето, што беа со него, и постави над нив иљаданачалници и стотници.
2. Давид ги испрати лу ето - една третина под водство на Јоава, една третина под водство на Авеса, синот Саруев, брат Јоавов, една третина под водство на Гетецот Етеј. Тогаш царот им рече на лу ето: "И јас ке дојдам со вас."
3. Но лу ето му одговорија: "Не доа ај, зашто, ние и да избегаме, тоа нема да се забележи; и половината од нас да умре, тоа исто така нема да се забележи; ти, ти, бидејки, сам чиниш, колку десет иљади од нас, затоа подобро е за нас да ни помагаш од градот."
4. Царот им рече: "Што ке најдете за добро, тоа и ке го направам." И царот се задржа при портите, и сиот народ излегуваше по стотици и по иљади.
5. Царот им заповеда на Јоава, Авеса и Етеја, велејки: "Зачувајте ми го момчето Авесалома." И сите слушаа, што им заповедаше царот на сите началници за Авесалома.
6. Излегоа лу ето во полето против Израилците, и започна битка во Ефремовата гора.
7. И народот Израилев беше победен од Давидовите луги; тој ден таму стана голем пораз, - беа убиени дваесет иљади души.
8. А битката се прошири по целата онаа земја, и гората погуби повеке народ, отколку што се истреби со мечот во тој ден.
9. Авесалом се сретна со Давидовите слуги; тој јаваше маска. Кога маската навлезе под гранките на еден голем даб, косата на Авесалома му се заплетка во гранките од дабот, и тој почна да виси ме у небото и земјата, а маската, што беше под него, избега.
10. Некој го виде тоа и му јави на Јоава, велејки: "Ете, јас го видов Авесалома како виси на дабон."
11. Јоав му кажа на човекот што му го соопшти тоа: "Ете, си видел; зошто не го кутна таму на земја? Kе ти дадев десет сикли сребро и еден појас."
12. И оној му одговори на Јоава: "Да ставеа во рацете мои и иљада сикли сребро, и тогаш не би кренал рака врз царскиот син; зашто ние чувме, дека царот ти заповеда тебе, на Авеса и на Етеја, велејки: ‘зачувајте ми го момчето Авесалома;
13. и да бев постапил поинаку во опасност по животот свој, тоа не би останало сокриено од царот, па и ти би станал против мене."
14. Јова рече: "Нема зошто да се занимавам со тебе." И зеде во рацете три стрели и ги забоде во срцето на Авесалома, кој уште беше жив на дабот.
15. Тогаш го опколија Авесалома десет момци, Јоавови оруженосци, го удираа и го умртвија.
16. И затруби Јоав со труба, и лу ето, што го гонеа Израилот, се вратија, бидејки Јоав го штедеше народот.
17. Го зедоа Авесалома, го фрлија во гората, во длабока јама, и натрупаа врз него голема грамада камења. И сите Израилци се разбегаа, секој во шаторот свој.
18. Уште додека беше жив, Авесалом си беше изградил споменик во царската долина; зашто велеше: "Јас немам син, за да се зачува споменот за името мое". И до денес тој се нарекува Авесаломов споменик."
19. Ахимас, син Садоков, му рече на Јоава: "Kе трчам да му јавам на царот, дека Господ преку Својот суд го спаси од рацете на непријателите негови."
20. Но Јоав му рече: "Нема да бидеш добар известувач денес; друг ден ке јавиш, а не денес, зашто царевиот син умре."
21. Јоав му рече потоа на Хусија: "Оди, јави му на царот што си видел." И Хусиј му се поклони на Јоава и отрча.
22. Но Ахимас, Садоковиот син, настојуваше и му велеше на Јоава: "Што и да биде, и јас ке трчам по Хусија." а Јоав му одговори: "Што ти треба да трчаш, синко? Добра вест нема да однесеш."
23. Ахимас рече: "Така нека биде, но јас ке отрчам." Тогаш Јова му рече: "Трчај." И Ахимас потрча по напречен пот и го испревари Хусија.
24. Во тоа време Давид седеше ме у двете порти. И стражарот излезе под вратната стреа откај sидот, ги крена очите и виде, еден човек трча.
25. И стражарот извика и му соопшти на царот. А царот рече: "Ако е сам, вест носи во устата своја." А оној се повеке и повеке се приближуваше.
26. Стражарот виде друг човек дека трча; и стражарот му викна на вратарот: "Ете, уште еден човек трча." Царот рече: "И тој е известувач."
27. Сражарот рече: "Го гледам одењето на привиот, тоа прилега на одењето на Ахимаса, Садоковиот син." А царот рече: "Тој е добар човек и доа а со добра вест."
28. Ахимас извика и му рече на царот: "Мир!" И му се поклони на царот со лицето до земја и рече: "Благословен Господ, Бог твој, Кој ги предаде лу ето, што беа кренале рака против мојот господар, царот!"
29. А царот праша: "Здраво ли е момчето Авесалом?" Ахимас одговори: "Видов голема мешаница, кога царскиот служител Јоав го испракаше својот слуга; не не знам, што стануваше таму."
30. Царот рече: "Помести се и застани тука." И тој се помести и застана.
31. Ете, пристигна и Хусиј по него. И Хусиј му рече на царот: "Добра вест за господарот мој, царот! Господ ти направи денес правда, спасувајки те од раката на сите, што беа станале против тебе."
32. А царот го праша Хусија: "Здраво ли е момчето Авесалом?" Хусиј одговори: "Да даде Бог со непријателите на мојот господар, царот, и со сите зломислиници против тебе да се случи истото, што го снајде момчето!"
33. Се збрка царот и отиде во собата над портите и плачеше и, кога си одеше, велеше вака: "Сине Авесаломе! Сине, сине Авесаломе! О, да бев умрел јас наместо тебе, Авесаломе, сине мој, сине!"

  2Samuel (18/24)