2Samuel (17/24)  

1. Тогаш му кажа Ахитофел на Авесалома: "Kе одберам дванаесет иљади души и ке станам, ке отидам да го гонам оваа нок Давида;
2. ке го нападнам, кога ке биде изморен и со отпуштени раце, и ке му влеам страв; и сите лу е, што се со него ке се разбегаат; и јас ке го убијам само царот;
3. и сите лу е ке ги свртам кон тебе; и кога ке исчезни еден, чија душа ја бараш ти, тогаш сиот народ ке се смири."
4. Му се допаднаа тие зборови на Авесалома и на сите Израилеви старешини.
5. И Авесалом рече: "Повикајте го Хусија; да чуеме, што ке рече тој."
6. Дојде Хусиј при Авесалома, и Авесалом му рече, велејки: "Еве што кажува Ахитофел; да постапам ли според зборовите негови? Ако, пак, не, кажи ти."
7. А Хусиј му рече на Авесалома: "Овој пат не е добар советот, што го дал Ахитофел.
8. Ти го познаваш татка си и лу ето негови; тие се храбри и многу се раздразенти, како мечка в поле, чии малечки се грабнати, и како свиреп крмак во полето, и татко ти е човек воинствен; тој нема да се запре да нокева со народот.
9. Ете, тој сега се крие во некоја пештера или на друго место, и ако некој падне при првиот напад врз нив, и ако чујат и кажат: ‘разбиени се лу ето, што тргнаа по Авесалома‘
10. тогаш и најхрабриот, чие срце е како лавовско срце, ке падне со духот, зашто на сиот Израил му е познато, колку е храбар татко ти, и колку се јунаци оние што се со него.
11. Затоа јас советувам: нека се собере при тебе сиот Израил, од Дан до Вирсавија, во множество како песок крај морето, и ти самиот ке тргнеш среде него;
12. и тогаш ке одиме против него, каде и да се нао а, и ке го нападнеме, како што росата па а на земјата; и нема да му остане ни еден човек од сите оние, што се со него;
13. ако, пак, влезе во некој град, тогаш сиот Израил ке донесе при тој град јажиња, и ние ке го завлечеме во реката, така што камче нема да остане од него.
14. Тогаш рече Авесалом и сиот Израил: "Советот на Хусија е подобар од Ахитофеловиот совет." Така Господ пресуди да се осуети "добриот" Ахитофелов совет, за да навлече Господ зло врз Авесалома.
15. И Хусиј им кажа на свештениците, на Садока и Авијатара: "Така и така Ахитофел го советуава Авесалома и старешините Израилеви, јас, пак, посоветував вака и вака.
16. И сега испратете поскоро и кажете му на Давида така: да не останува оваа нок на рамнината во пустињата, и што поскоро да помина од онаа страна, да не загине царот и сите лу е, што се со него."
17. Јонатан и Ахимас стоеја при изворот Рогел. И отиде една слугинка, таа им раскажа, а тие отидоа и му јавија на царот Давида; зашто тие не можеа да се покажат во градот.
18. Ги виде еден младич и му јави на Авесалома; но тие и двајцата брзо заминаа и отидоа во Ватурим, во куката на еден човек, во чиј двор имаше кладенец; тие се спуштија во него.
19. А жената зеде, та простре врз отворот на изворот покривка и насипа одозгора прекрупа, така што ништо не се забележуваше.
20. Дојдоа Авесаломовите слуги во куката при жената и запрашаа: "Каде се Ахимас и Јонатан?" А жената им одговори: "Минаа преку реката". Тие бараа и не најдоа, и се вратија во Ерусалим."
21. Откако си заминаа, оние излегоа од кладенецот, отидоа и му јавија на царот Давид, велејки му: "Станувајте и што поскоро преминувајте преку водата, зашто Ахитофел даде таков и таков совет за вас."
22. Тогаш Давид стана и сите лу е, што беа со него, и го минаа Јордан; на разденување не остана ни еден, што не беше го преминал Јордан.
23. Ахитофел, кога виде, дека советот негов не се исполни, го оседла оселот, се подготви, отиде во домот свој, во својот град, направи завештение за домот свој, и се обеси, и умре, и го погребаа во татковиот му гроб.
24. Давид стигна во Маханаим, а Авесалом го премина Јордан, тој и сиот Израил со него.
25. Наместо Јоава, Авесалом го постави над војската Амесаја. Амесај беше син на еден човек по има Ефер, од Израел, што влезе при Авигеја, Наасовата керка, Саруева сестра, Јоавова мајка.
26. А Израил се смести во логорот со Авесалома во Галадската земја.
27. Кога Давид стигна во Маханаим, Наасовиот син Совиј од Рава Амонитска, и Махир, Амилов син, од Лодавар, и Галададецот Варзелиј од Рогелим,
28. донесоа десет приготвени постелички, десет чинии и земјани садови, пченица и јачмен, брашно и биено просо, грав и лека и пржени зрна,
29. мед и масло, овци и кравјо сирење, - донесоа за храна на Давида и на лу ето што беа со него; зашто тие велеа: народот е гладен и уморен и жедува во пустињата.

  2Samuel (17/24)