2Samuel (16/24)  

1. Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доа а Сива, слугата на Мемфивостеј, со два натоварени осела со двесте лебови, сто вреки суво грозје, сто низи смокви и со мешина вино.
2. Царот го праша Сива: "Зошто ти е тоа?" Сива одговори: "Ослите се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодовите за храна на момците, а виното за изнемоштените во пустињата."
3. Царот праша: "Каде е синот на господарот твој?" Сива му одговори на царот: "Ете, тој остана во Ерусалим и вели: ‘токму сега домот Израилев ке ми го врати татковото ми царство.‘"
4. И му кажа на Сива: "Ете, твое е се што има Мемфивостеј." А Сива одговори, поклонувајки се: "Можеби ке најдам милост пред очите на мојот господар - цар!"
5. Кога царот Давид стигна до Ватирим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Семеј, син на Гирана. Тој одеше и лошо зборуваше,
6. и фрлаше камења врз Давида и врз сите слуги на царот Давид; и сите лу е и сите храбри беа десно и лево од царот.
7. Зборувајки лошо за него, Семеј велеше: "Истави се, убиецу, и беззаконику!
8. Господ ја сврти против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалома; и ете, ти си во невоља, затоа што си крвопиец."
9. Тогаш Авес, Саруевиот син, му рече на царот: "Зошто овој мртов пес зборува лошо за господарот мој, за царот? Kе одам и ке му ја симнам главата."
10. Царот рече: "Што ни е нам, мене и вам, до Саруевите синови? Оставете го нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал да зборува лошо за Давида. А кој може да каже: ‘Зошто правиш така?‘
11. И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: "Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотоклу повеке еден Венијаминов; оставете го, нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал;
12. можеби, Господ ке погледне милостиво кон унижувањето мое, и ке ми воздаде Господ добро за денешното лошо зборување."
13. и одеа Давид и лу ето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, откај неговата страна; врвеше, зборуваше лошо и фрлаше камења и земја кон него.
14. И стигна царот и сиот народ негов, што беше со него, изморен, и таму со отпочинуваше.
15. Авесалом, пак, и сиот Израилски народ дојдоа во Ерусалим, и со него Ахитофел.
16. Кога Хусиј, Давидовиот прв пријател, дојде при Авесалома, му рече: "Да живее царот!"
17. И Авесалом му рече на Хусија: "Каква е таа твоја сесрдност кон твојот пријател! Зошто не отиде со пријателот свој?"
18. Хусиј му одговори на Авесалома: "Не, јас ке отидам по оној, што го избра Господ и оној народ и целиот Израил; со него сум и јас, и со него ке останам.
19. И притоа кому ке му служам? Нели на синот негов? Како што му служев и на татко ти, така ке ти служам и тебе."
20. И Авесалом му рече на Ахитофела: "Дајте совет, што да правиме."
21. Ахитофел му одговори на Авесалома: "Влези при наложниците на татко ти, што тој ги остави да го чуваат домот негов; и ке чујат сите Израилци, дека си станал намразен за таткото, и ке им зацврстат рацете на сите, што се со тебе."
22. И поставија за Авесалома шатор на покривот, и Авесалом влезе при наложниците на татка си пред очите на сиот Израил.
23. А советите на Ахитофела, што тој ги даваше, во она време се сметаа, како некој да се допрашувал до Бога. Таков беше секој Ахитофелов совет како за Давида, така и за Авесалома.

  2Samuel (16/24)