2Samuel (15/24)  

1. Потоа Авесалом си набави коли и коњи и педесет брзоодци.
2. Авесалом стануваше изутрина рано, се запираше крај патот при портите и, кога некој имаше поплака и одеше при царот на суд, тој го повикуваше и го прашуваше: "Од кој град си?" И кога оној одговараше: ‘од тоа и тоа Израилево племе е твојот слуга‘,
3. тогаш Авесалом му велеше: "Ете, твоето дело е добро и праведно, но при царот нема кој да те ислуша."
4. И Авесалом уште велеше: "О, да беа ме поставиле мене за судија во оваа земја! При мене би доа ал секој, кој има расправија и поплака, и јас би судел по правда."
5. И кога некој ке се доближеше да му се поклони, тој ја протегаше раката и го прегрнуваше и го бакнуваше.
6. Така постапуваше Авесалом со секој Израилец, кој доа аше при царот да се суди, и навлегуваше Авесалом во срцата на Израилците.
7. Откако изминаа четириесет години од царувањето на Давида, Авесалом му рече на царот: "Да одам и да го исполнам мојот завет, што му го бав дал на Господа во Хеврон.
8. Зашто јас, твојот слуга, кога живеев во Гесур, во Сирија, ветив: ако Господ ме врати во Ерусалим, дека ке му принесам жртва на Господа."
9. А царот му рече: "Оди со мир." И тој стана и отиде во Хеврон.
10. А Авесалом распрати разузнавачи ме у сите Израилеви колена, велејки: "Коа ке чуете звук од труба, велете: ‘Авесалом стана цар во Хеврон.‘"
11. Од Ерусалим отиода со Авесалома двесте души, што ги беше поканил, и тие отидоа простодушно, баз да знаат, каква е работата.
12. Во времето принесување жртви, Авесалом испрати, та го повика гилонецот Ахитофела, Давидов советник, од неговиот град Гилон. И почна буна голема, и народот се собираше и се умножуваше околу Авесалома.
13. И дојде разузнавач при Давида и рече: "Срцето на Израилците се сврти кон Авесалома."
14. Тогаш им рече Давид на сите свои слуги, што беа при него во Ерусалим: "Станувајте да бегаме, зашто за нас нема спас од Авесалома; брзајте да излеземе, да не не затече и не фати, да не ни навлече зло и да го истреби градот со меч."
15. Царските слуги му рекоа на царот: "Во се што му е угодно на господарот наш, царот, ние сме твои слуги."
16. Па излезе царот и по него сиот дом негов пешки. Царот остави десет свои наложници да ја чуваат куката.
17. И излезе цаарот и сиот народ пешки, и се задржаа на едно подалечно место.
18. И сите слуги негови врвеа од двете страни негови, и сите Хелетејци, сите Фелетејци и сите Гетејци - до шестотини души што беа дошле заедно со него од Гет, одеа пред царот.
19. И царот му рече на Гетеецот Етеја: "Зошто си тргнал и ти со нас? Врати се и остани со оној цар, бидејки си ту и си избегал од својата земја.
20. Ти си дошол вчера, а денес ке те терам да одиш со нас ли? Јас одам, каде што можам; врати се и врати ги со себе и браката свои; Господ нека ти укажа милост и правда!"
21. А Етеј му одговори на царот и рече: "Жив ми Господ, и да живее мојот господар, царот; каде и да биде мојот господар, царот, жив или мртов, таму ке биде и твојот слуга."
22. Тогаш Давид му рече на Етеја: "Дојди, пак, и оди со мене." И Тргна Гетеецот Етеј и сите лу е негови и сите деца што беа со него.
23. И целата земја плачеше на висок глас. И сиот народ минуваше, и царот го мина потокот Кедрон; и тргна сиот народ и царот по патот кон пустињата.
24. Ете, и свештеникот Садок и заедно со него сите левити го носеа ковчегот на Божјиот завет од Ветара, и го поставија Божјиот ковчег; Авијатар пак стоеше на височината, додека сиот народ излезе од градот.
25. И царот му рече на Садока: "Врати го Божјиот ковчег во градот и нека стои на местото свое. Ако најдам милост пред очите на Господа, Он ке ме врати и ке ми даде да Го видам Него и Неговото живеалиште.
26. Ако, пак, Он каже: ‘Немам кон тебе благонаклоност, тогаш ете ме; нека врши со мене, како што ке Му биде угодно."
27. И му кажа уште царот на свештеникот Садок: "Гледаш ли, - врати се во градот со мир зедно со сина си Ахимаса и со Авијатаровиот син Јонатана, двајцата ваши синови;
28. гледате ли, јас ке се позабавам по рамнината во пустињата, додека ми стигне известување од вас.
29. Садок и Авијатар го вратија Божјиот ковчег во Ерусалим и останаа таму.
30. А Давид тргна кон Елеонската планина, врвеше и плачеше; главата му беше покриена, и тој одеше бос; и сите лу е, што беа со него, ја покрија секој својата глава, одеа и плачеа.
31. Му јавија на Давида и рекоа: "И Ахитофел и ме у заговорниците со Авесалома." И рече Давид: "Господи, Боже мој, оневозможи го советот на Ахитофела."
32. Кога Давид се искачи на врвот од гората, каде што сакаше да Му се поклони на Господа, ете во пресрет му доа а Хусиј, Давидов прв пријател: облеката му беше раскината, и на главата имаше прав.
33. И Давид му рече: "Ако дојдеш со мене, ке ми бидеш товар:
34. но, ако се вратиш во градот и му кажеш на Авесалома: "Царе, браката твои минаа, и царот татко ти мина, и сега јас сум твој слуга; остави ме жив, досега бев слуга на татко ти, а сега сум твој слуга", ти ке оневозможиш за мене советот на Ахитофела.
35. Ете, таму со тебе ке бидат свештениците Садок и Авијатар, и секој збор, што ке го чуеш од домот на царот, соопштувај им го на свештениците, на Садока и на Авијатара.
36. Заедно со нив таму се и двајцата нивни синови: Ахимас, син Садоков, и Јонатан, син Авијатаров; по нив испракајте ми ја секоја вест, што ке ја чуете."
37. Така, Хусиј, Давидовиот пријател, отиде во градот, а во тоа време Авесалом влегуваше во Ерусалим.

  2Samuel (15/24)