2Samuel (14/24)  

1. Саруевиот син Јоав забележа дека срцето на царот се сврти кон Авесалома.
2. Јоав испрати во Текоја и доведе оттаму една умна жена и рече: "Преправи се дека плачеш; облечи жална облека, немој да се помажеш со масло, и претстави се како жена, која оплакува мртовец;
3. по оди при царот и кажи му така и така." И Јоав и стави во устата нејзина, што да каже.
4. И жената Текојанка влезе при царот, падна ничкум на земја, се поклони и му рече: "Помогни, цару, помогни!"
5. Царот ја праша: "Што ти е?" А таа одговори: "Вдовица сум, умре мажот мој;
6. слугинката твоја имаше двајца синови; тие се скараа во полето, немаше кој да ги раздели, и едниот го удри другиот и го уби.
7. И ете, целиот род стана против слугинката твоја, и рече: ‘предај го оној, што го уби брата си, ние ке го убиеме заради душата на брата му, која тој ја погуби, и ке го истребиме дури и наследникот. И така, тие ке ја згаснат искрата, која уште ми останува, за да не остават име и потомство на мажот ми по лицето на земјата."
8. А царот и рече на жената: "Оди си спокојно дома, јас ке дадам заповед за тебе."
9. Но жената Текојанка му рече на царот: "Врз мене, царе, господаре мој, нека биде вината и врз татковиот ми дом, а царот и престолот негов се невини."
10. И царот и рече: "Доведи ми го оној, што ке биде против тебе, и тој повеше нема да те гибне."
11. Таа рече: "Заколни се, царе, во Господа, твојот Бог, дека нема да се умножат одмаздниците за крв и нема да го погубат синот мој." Царот рече: "Жив ми Господ! Ни влакно од твојот син нема да падне на земјата."
12. И жената рече: "Дозволи и на слугинката твоја да му каже уште еден збор на својот цар - господар."
13. Тој рече: "Говори." И жената рече: "Зошто мислиш така против Божјиот народ?" Царот, откако го кажа тој збор, сам се обвини, поради тоа што не го врака својот прогонет.
14. "Ние ке умреме и ке станеме како разлеана вода на земјата, која не може да се собере; но Бог не сака да ја погуби душата и се грижи да не го отфрли од Себеси и отфрлениот.
15. И сега јас дојдов да му кажам на царот, мојот господар, тие зборови, зашто народот ме плаши; и твојота слугинка си вели: ‘ке поразговарам со царот, дали нема да постапи тој според зборот на слугинката своја:
16. царот бездруго ке ја ислуша и ке ја спаси слугинката своја од раката на оние, што сакаат да ме истребат, заедно со синот мој, од Божјото наследство.
17. Затоа, твојата слугинка си рече: ‘зборот на мојот господар - цар нека ми биде утеха, зашто мојот господар - цар е како Ангел Божји, и може да го слуша и доброто и лошото. И Господ, Бог твој, ке биде со тебе.‘"
18. Царот одговори и и рече на жената: "Не го криј од мене тоа што ке го прашам." И жената рече: "Говори, господаре мој, цару."
19. Царот ја праша: "Во сето тоа не е ли со тебе раката на Јоава?" Жената одговори и рече: "Да ти е жива душата, господаре мој, цару, не може да има скршнување ни десно, ни лево; вистина, твојот слуга Јоав ми заповеда и тој ги стави во устата на слугинката твоја сите тие зборови.
20. Твојот слуга Јоав ме научи, преку приказната да и дадам таков вид на оваа работа. Но мојот господар царот е мудар, како што е мудар Ангелот Божји, тој знае се, што се случува на земјата."
21. И царот му рече на Јоава: "Ете, јас направив според зборот твој, оди впрочем, врати ми го детето Авесалома."
22. Тогаш Јоав падна ничкум на земјата и се поклони, и го благослови царот, велејки: "Сега слугата твој знае, дека нашол благонаклоност пред твоите очи, господаре мој, цару, бидејки царот постапи според зборот на својот слуга."
23. Па стана Јоав, та отиде во Гесур и го доведе Авесалома во Ерусалим.
24. И царот рече: "Нека се врати во куката своја, но лицето мое да не го гледа." И Авесалом отиде во куката своја, но царското лице не го виде.
25. Ме у сите Израилци немаше таков убавец како Авесалом, ни толку пофалуван како него: од одот на нозете до врвот на главата негова во него немаше недостаток.
26. Кога ке ја истрижеше косата своја, а тој ја стрижеше секоја година, бидејки му тежеше, - косите од главата негова тежеа двесте сикли според царската мера.
27. И на Авесалома му се родија тројца синови и една керка, по има Тамар; таа беше многу убава. Таа му стана жена на Ровоама, Соломоновиот син, и му ги роди Авија.
28. И остана Авесалом во Ерусалим две години, но царевото лице не го виде.
29. Тогаш Авесалом испрати по Јоава, за да го одведе при царот; но тој не сакаше да дојде при него. Го повика и вторпат, но тој пак не сакаше да дојде.
30. Тогаш Авесалом им рече на своите слуги: "Ја гледате ли нивата на Јоава до мојата? Тој таму има јачмен; одете и изгорете го со оган." И Авесаломовите слуги ја изгореа со оган онаа нива. И дојдоа слугите на Јоава при него, ги раскинаа облеките свои, и рекоа: "Авесаломовите слуги ја изгореа нивата твоја со оган."
31. И стана Јоав, па отиде при Авесалома дома и му рече: "Зошто слугите Твои ја изгореа нивата моја со оган?"
32. А Авесалом му одговори на Јоава: "Ете, јас испракав по тебе и велев: ‘Дојди тука, и јас ке те пратев при царот да кажеш: зошто сум дошол од Гесур? Подобро ке беше да останев таму. Јас сакам да го видам лицето на царот. Ако, пак, сум виновен, убиј ме!‘"
33. Јоав отиде при царот и му го раскажа тоа. Царот го повика Авесалома. Тој дојде при царот, му се поклони и падна ничкум на земја пред царот. И царот го бакна Авесалома.

  2Samuel (14/24)