2Samuel (13/24)  

1. Потоа се случи ова: Давидовиот син Авесалом имаше сестра убавица, по има Тамар, и Амнон, Давидовиот син, се вљуби во неа.
2. И Амнон толку се мачеше, што се разболе по сестра си Тамар зашто таа беше мома, и Амнон гледаше дека ке му биде неугодно да и направи нешто.
3. Но Амнон имаше пријател, по име Јонадав, син на Сама, Давидов брат; а Јонадав беше човек многу итар.
4. И тој му рече: "Зошто толку слабееш одден наден, царски сине, - нема ли да ми кажеш?" Амнон му одговори: "Јас ја сакам Тамар, сестрата на братот мој Авесалом."
5. Јонадав му рече: "Легни на леглото свое и направи се болен; и кога ке дојде татко ти да те види, кажи му: Нека дојде сестра ми Тамар и да ми даде да јадам, и да зготви пред очите мои јадење, така што да видам и да јадам од рацете нејзини."
6. Амнон легна и се направи болен, и царот дојде да го види; Амнон тогаш му рече на царот: "Нека дојде сестра ми Тамар и да испржи пред очите мои една - две питки, та да каснам од рацете нејзини."
7. Давид испрати во куката да и кажат на Тамар: "Оди во куката на братот свој Амнон и зготви му јадење."
8. Таа отиде во куката на брата си Амнон, а тој лежеше. Таа зеде брашно, замеси, приготви пред очите негови и му испржи питки;
9. го зеде тиганот и ги иструри пред него; но тој не сакаше да јаде. Тогаш рече Амнон: "Нека излезат сите, што се при мене." И Излегоа сите лу е, што беа при него.
10. И Амнон и кажа на Тамар: "Однеси го јадењето во внатрешната соба, и јас ке каснам од твоите раце." Тамар ги зеде питките, што ги беше приготвила, и му ги однесе на брата си Амнон во внатрешната соба.
11. А кога таа му стави да јаде, тој ја фати и и рече: "Дојди легни го мене, сестро."
12. Но таа рече: "Не, брате, немој да ме обесчестиш, зашто така не се постапува во Израилот; не прави го тоа безумство.
13. Па јас каде ке одам со бесчестието свое? И ти, ти ке бидеш безумник во Израилот; разговарај со царот; тој нема да откаже да ме даде за тебе."
14. Но тој не сакаше да ги слуша зборовите нејзини; ја надви и ја силуваше, и лежеше со неа.
15. Потоа Амнон ја намрази многу, така што омразата негова спрема неа беше посилна од љубовта, што ја имаше кон неа; и Амнон и рече: "Стани, оди си!"
16. А Тамар му рече: "Не, брате, да ме избркаш е поголемо зло од првото што ми го направи." Но тој не сакаше да ја слуша.
17. И го повика младичот, што му слугуваше, па му рече: "Истерај ја оваа надвор и заклучи на вратата по неа."
18. Таа носеше шарена облека, бидејки такви горни облеки носеа керки - девици. Слугата ја изведе надвор и ја заклучи вратата по неа.
19. Тамар си ја посипа главата своја со пепел, ја раскина својата шарена облека, со која беше облечена, ги стави рацете свои на главата своја, и така одеше и викаше.
20. А брати и Авесалом и рече: "Нели Амнон, братот мој, беше со тебе? Но сега молчи, сестро; тој ти е брат; не го кини срцето свое заради таа работа." И Тамар живееше самотно во домот на брата си Авесалома.
21. Царот Давид чу за сето тоа и силно се разгневи, но не го наскрби духот на синот свој Амнона, бидејки го сакаше, бидејки му беше првороден.
22. Авесалом, пак, не му одговараше на Амнона ни лошо ни добро; тој го намрази Амнона, поради тоа што ја обесчести сестра му Тамар.
23. По две години имаше стрижба на овци кај Авесалома во Ваал-Хасор, близу до Ефрема и Авесалом ги повика сите царски синови.
24. И дојде Авесалом при царот и рече: "Ете, при твојот слуга денес има стрижба на овци, нека појде царот и слугите негови со твојот слуга."
25. Но царот му рече на Авесалома: "Не, синко, нема да дојдеме сите, за да не ти додеваме." И Авесалом го молеше многу; но тој не сакаше да оди и го благослови.
26. Тогаш Авесалом му рече: "Нека дојде со нас барем братот мој Амнон." А царот му рече: "Зошто да дојде со тебе?"
27. Но Авесалом го убеди и тој го пушти со него Амнона и сите царски синови. И Авесалом приреди гозба какво гоштевање дава цар.
28. Авесалом им заповеда на момците свои, велејки им: "Гледајте, кога ке се развесели срцето на Амнона од виното, и кога јас ке ви кажам: поразете го Амнона, тогаш убијте го, не плашете се; тоа јас ви заповедам, бидете смели и храбри."
29. Авесаломовите момци направија со Амнона, како што им заповеда Авесалом. Тогаш станаа сите царски синови, се качи секој на маската своја и избегаа.
30. Кога тие беа уште на пат, дојде слух до Давида, дека Авесалом ги убил сите царски синови, и дека од нив не останал ниеден.
31. Тогаш царот стана, ја раскина облеката своја, и се фрли на земјата, и сите слуги негови, што стоеја при него, ги раскинаа облеките свои.
32. Но Јонадав, синот на Сама, Давидов брат, рече: "Да не мисли господарот мој, дека сите момци, царски синови се убиени: само Амнон е убиен, зашто Авесалом ја имаше таа мисла од денот, кога Амнон ја обесчести сестрата негова;
33. поради тоа, мојот господар, царот, нека не се обеспокојува од мислата дека сите царски синови умреле; умре само Амнон."
34. А Авесалом избега. Момчето, што стоеше на стража, ги крена очите и виде: ете, многу народ врви по патот на надолнината. И дојде стражарот, па му јави на царот, велејки: "Видов лу е низ Оронскиот пат по надолнината."
35. Тогаш Јонадав му рече на царот: "Тоа се царските синови, кои идат; како што говори слугата твој, така е."
36. И штом го изговори тоа, ете, пристигнаа царските синови и фатија да плачат. Па и царот и сите слуги негови плачеа многу силно.
37. Авесалом, пак, избега и отиде при Талмаја, синот на гесурскиот цар Емиуд во Хамахадската земја. И царот Давид плачеше за синот свој во сите дни.
38. Авесалом избега, дојде во Гесур и таму престојуваше три години.
39. И царот Давид престана да го гони Авесалома, зашто се утеши поради смртта на Амнона.

  2Samuel (13/24)