2Samuel (11/24)  

1. По една година, во времето кога царевите излегуваа во војна, Давид го испрати Јоава и слугите свои со него и сите Израилци; и тие ги поразија Амонитите и ја опколија Рава; а Давид остана во Ерусалим.
2. Еднаш приквечер, откако стана од леглото свое, Давид се шеташе по покривот на царскиот дом свој и од покривот виде една жена, која се капеше; а жената беше многу убава.
3. Давид испрати да дознаат, која е таа жена? Му рекоа: "Тоа е Вирсавија, Елијамова керка, жена на Хетеецот Урија."
4. Давид испрати слуги да ја земат; и таа дојде при него, и тој спиеше со неа. А кога таа се исчисти од својата нечистотија, се врати во домот свој.
5. Таа жена стана непразна и испрати да му јават на Давида и да кажат: "Непразна сум."
6. Тогаш Давид испрати да му кажат на Јоава: "Испрати го при мене Хетеецот Урија!" И Јоав го испрати Урија при Давида.
7. Урија дојде при него, и Давид го распраша за положбата на Јоава, за положбата на народот и за текот на војната.
8. Давид му рече на Урија: "Оди во домот свој и изми си ги нозете." Уриј излезе од царскиот дом, и по него однесоа и царско јадење.
9. Но Уриј преспа пред вратата на царскиот дом заедно со сите слуги на господарот свој и не отиде во домот свој.
10. Му соопштија на Давида и рекоа: "Уриј не отиде во домот свој." Давид му рече на Урија: "Еве, си дошол од пат; зошто не си отишол во домот свој?"
11. Урија му одговори на Давида: "Ковчегот Божји, Израил и Јуда се под шаторите, а господарот мој Јоав и слугите на господарот мој престојуваат во полето, а јас да влезам во куката своја да јадам, да пијам и да лежам со жената своја! Се колнам во твојот живот и во животот на твојата душа, тоа нема да го направам."
12. Тогаш Давид му рече на Урија: "Остани тука и денес, а утре ке те отпуштам." И Урија остана тој ден во Ерусалим до изутрината.
13. И Давид го покани, и Уриј јадеше пред него и пиеше, и Давид го опи. Но вечерта Урија отиде да спие на леглото свое со слугите на својот господар, а во домот свој не отиде.
14. Изутрината Давид напиша писмо до Јоава и го испрати по Урија.
15. Во писмото напиша вака: "Поставете го Урија таму, каде што ке има најсилна војска, и отстапете од него, за да биде удрен и да умре."
16. Затоа, кога Јоав го опседнуваше градот, го постави Урија на такво место, за кое знаеше, дека таму има храбри мажи.
17. Излегоа од градот мажи, се судрија со Јоава, и неколкумина од народот, од Давидовите слуги, паднаа: убиен беше исто така и Хетеецот Урија.
18. Тогаш Јоав испрати да му кажат на Давида за целиот тек на борбата.
19. Тој им заповеда на пратениците, велејки: "Кога ке му раскажете на царот за целиот тек на битката
20. и ке видите, дека царот се разгневува и ви каже: "Зошто сте отишле да се биете толку блиску до градот? Не знаете ли, дека врз вас ке фрлаат од sидот?
21. Кој го уби Авимелеха, Јеровааловиот син? Не ли фрли жена врз него од sидот парче од воденички камен, ‘го порази‘ и тој умре во Тевец? А вие, зошто се приближивте до sидот?" - тогаш ти кажи: "И твојот слуга Хетеецот Уриј исто така е поразен и умре."
22. Отиде пратеникот од Јоава при царот во Ерусалим и, откако стигна, му раскажа на Давида за се за кое го беше испратил Јоав, за целиот тек на битката. Давид се разгневи на Јоава, и му рече на претеникот: "Зошто сте одишле да се биете толку близу до градот? Не знаете ли, дека врз вас ке фрлаат од sидот? Кој го уби Авимелеха, Јеровааловиот син? Не фрли ли жена врз него воденички камен, и тој умре во Тевец? Зошто се приближивте до sидот?"
23. Тогаш пратеникот му рече на Давида: "Тие лу е не надвиваа и излегоа против нас во полето, и ние ги гоневме, до влезот на портите;
24. во тоа време стрелците стрелаа од sидот врз слугите твои, и загинаа некои од царските слуги; умре и твојот слуга Хетеецот Уриј."
25. Тогаш Давид му рече на пратеникот: "Кажи му на Јоава вака: ‘Да не те буни таа работа, зашто ножот истребува некогаш еден, некогаш друг; засили ја борбата против градот и сосипи го‘. Така го поттикна.
26. Уриевата жена чу, дека мажот нејзин умре, па плачеше по мажот свој.
27. Кога измина времето за жалење, Давид испрати и ја зеде во домот свој, и таа му стана жена и му роди син. Но делото што го изврши Давид, беше зло пред очите на Господа.

  2Samuel (11/24)