2Samuel (10/24)  

1. По извесно време умре амонитскиот цар, и место него стана цар синот негов Анон.
2. И Давид рече: "Kе покажам милост кон Анона, Наасовиот син, за добрината, што ми ја направи татко му негов." Па ги испрати Давид слугите свои да го утешат Амона поради татка му. И давидовите слуги отидоа во Амонитската земја.
3. Но амонитските кнезови му рекоа на господарот свој Анона: "Зар мислиш, дека Давид од почит кон татка ти испратил при тебе утешители? Да не ги испратил Давид слугите свои при тебе, за да го прегледаат градот и да видат во него се и сешто, па да го сосипат?"
4. И Анон ги фати Давидовите слуги и на секого од нив му ја избричи половината од брадата и им ги потсече алиштата на половина, до крстот и ги пушти.
5. Кога му јавија за тоа на Давида, тој испрати да ги пречекаат, бидејки беа многу обезличени. И царот заповеда да им кажат: "Останете во Јерихон додека ви порастат брадите, и тогаш вратете се."
6. Видоа Амонитите, дека станаа намразени кај Давида; па испратија Амонитите да најмат Сиријци од Вет-Рехов и Сиријци од Сува - дваесет иљади пешаци, од амаликијскиот цар Мах - иљада души и од Ист-Тов дванаесет иљади души.
7. Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоава со сета храбра војска.
8. Излегоа Амонитите и се распоредија за борба при портите, а Сиријците од Сува и Рехов, а Ист-Тов и Мах се задржаа одделно во полето.
9. Кога виде Јоав, дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, избра војници од сите одбрани Израилци, и ги распореди против Сиријците;
10. а другиот дел од лу ето му ги довери на братот свој Авеса, за да ги нареди против Амонитите.
11. Тогаш рече Јоав: "Ако Сиријците почнат да ме надвиваат, ти ке ми помогнеш; ако, пак, Амонитите почнат да те надвиваат тебе, јас ке ти дојдам на помош;
12. биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ке го направи она, што Му е угодно."
13. и влезе Јоав и народот, што беше со него, во борба против Сиријците, и тие избегаа од него.
14. Амонитите, пак, кога видоа, дека Сиријците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонитите и дојде во Ерусалим.
15. Сиријците, штом видоа дека Израилците ги поразија, се собраа сите наедно.
16. И Адраазар испрати, та ги повика Сиријците, што беа од онаа страна на реката Халемак, и, ете, дојдоа до Елам; а Совак, Адраазаровиот војвода, ги предводеше.
17. Кога му јавија за тоа на Давида, тој ги свика сите Израилци, го премина Јордан и стигна до Елам. Сиријците се распоредија против Давида и се судрија со него.
18. Сиријците избегаа од Израилците, Давид истреби седумстотини сириски коли и четириесет иљади коњаници, го порази и војводата Совак, кој и умре таму.
19. Кога сите потчинети цареви на Адраазара видоа дека Израилците ги поразија, склучија со Ираилците мир и им се покорија. И Сиријците веке се плашеа да им помагаат на Амонитите.

  2Samuel (10/24)