2Kings (9/25)  

1. Пророкот Јелисеј повика еден од пророчките синови и му рече: "Препаши се околу половината, земи го в рака овој сад со елеј, па оди во Рамот Галадски;
2. кога ке дојдеш таму, најди го таму Јуја, синот на Јосафата, Намесиев син, пристапи и кажи му да излезе среде браката свои и воведи го во внатрешната соба;
3. тогаш земи го садот со елеј, излиј го врз главата негова и кажи: вака вели Господ: ‘Те помазувам за цар над Израилот.‘ Потоа отвори ја вратата, па бегај и не чекај."
4. Момчето, слугата пророков, отиде во Рамот Галадски,
5. и стигна. И ете, војводите испоседнале, а тој рече: "Имам нешто да ти кажам, војводо." Јуј праша: "На кого од сите нас?" Тој одговори: "Тебе, војводо."
6. Јуј стана и влезе в куки. И момчето го изли елејот врз главата негова и му рече: "Вака вели Господ, Бог Израилев: ‘Те помазувам за цар над народот Господов, над Израилот,‘
7. и ти ке го истребиш домот на Ахава, твојот господар, за да одмаздам за крвта на Моите слуги - пророците, и за крвта на сите слуги Господови, паднати од раката на Језавела;
8. и ке изгине целиот дом Ахавов, и ке го истребам во Ахава се, и она што мокри до sид, и затворено, и изоставено во Израилот,
9. и ке го направам домот на Ахава како домот на Наватовиот син Јеровоама и како домот на Ахиевиот син Васа;
10. а Језавела кучиња ке ја изедат на Језраелското поле, и никој нема да ја погребе." Па ја отвори вратата и избега.
11. И отиде Јуј при слугите на господарот свој, и тие му рекоа: "Со мир ли? Зошто дојде тој безумник при тебе?" И им кажа: "Вие го знаете тој човек и што зборуваше."
12. И рекоа: "Не е вистина, кажи ни." А тој рече: "Тоа и тоа ми кажа, велејки: вака вели Господ: ‘те помазувам за цар над Израилот.‘
13. Тогаш тие побрзаа и секој си ја зеде облеката своја, му послаа на понискиот степеник, затрубија со труба и рекоа: "Јуј стана цар."
14. И стана Јуј, синот на Намесеивиот син Јосафат, против Јорама, а Јорам се нао аше со сите Израилци во Рамот Галадски на стража против сирискиот цар Азаил.
15. Во тоа време царот Јорам се беше вратил да се лекува во Језраел од раните, што му ги нанесоа Сиријците, кога војуваше против сирискиот цар Азаил. И Јуј им рече: "Ако сте согласни со мене, никој нека не излегува од градот, за да оди да извести во Језраел."
16. Јуј се качи на коњот и тргна за Језраел, каде што лежеше Јорам, царот израилски, за да се лекува од раните, што му ги беа нанеле Сиријците во Рамот, кога војуваше против силниот и мокниот сириски цар Азаил, и каде што беше дошол јудјскиот цар Охозиј, за да го посети Јорама.
17. На кулата во Језраел стоеше стражар, и го здогледа Јујевото мноштво, кога доа аше, и рече: "Многу лу е гледам." И Јорам му рече: "Земи коњаник, одведи го во пресрет нивни и нека праша: ‘Со мир ли доа ате?‘"
18. И излезе коњаникот на коњ во нивни пресрет и рече: "Вака вели царот: - со мир ли доа ате?" И одговори Јуј: "Што ти е тебе - дали со мир доа ам? Тргнувај по мене." И стражарот јави и рече: "Стигна до нив, но не се врака."
19. Испратија друг коњаник; тој отиде при нив и рече: "Вака вели царот: - со мир ли доа аш?" И рече Јуј: "Што ти е тебе - со мир ли доа ам? Тргнувај по мене."
20. Стражарот пак јави и рече: "Стигна до нив, но не се врака. А одот како да е на Намесиевиот син Јуј, зашто тој оди гордо."
21. Јорам рече: "Впрегнувај." И ја впрегнаа колата негова. Излезе израилскиот цар Јорам и јудејскиот цар Охозиј, секој на коњите свои. Излегоа до го пресретнат Јуја, и се сретнаа со него во нивата на Јерзаелецот Навутеј.
22. Кога Јорам го виде Јуја, рече: "Со мир ли, Јуј?" Тој одговори: "Каков мир при блудството на мајка ти Јазавела и при многуте нејзини магии?"
23. Тогаш Јорам се сврте и избега, велејки му на Охозиј: "Предавство, Охозиј!"
24. А Јуј го оптегна со раката лакот и го удри Јорама ме у плешките нагови, и стрелата го прободе срцето негово, и тој падна во колата своја.
25. Тогаш Јуј му рече на војводата свој Вадекар: "Земи, та фрли го во нивата на Језраелецот Навутеј, зашто сети се кога ние со тебе одевме двајцата зад татка му Ахава, и како Господ изрече врз него вакво пророштво:
26. ‘Навистина јас ја видов вчера крвта на Навутеја и крвта на синовите негови, велеше Господ, и ке ти се одмаздам во таа нива.‘ И така, земи, та фрли го во нивата, според словото Господово."
27. Јудејскиот цар Охозиј, кога го виде тоа, избега по патот кон куката, што беше во градината. И се спушти по него Јуј и рече: "Удрете го и него во колата." Тоа стана на ритчето Гур, близу до Јевлаам. И тој избега во Магедон, и таму умре.
28. Слугите нагови го пренесоа во Ерусалим и го погребаа во гробницата негова, при татковците негови, во Давидовиот град.
29. Во единаесеттата година на Ахавовиот син Јорама во Јудеја стана цар Охозиј.
30. Јуј пристигна во Језраел. А Језавела, откако доби известување, стави црвило на лицето свое, ја накити главата своја и гледаше низ прозорецот.
31. Кога Јуј влезе во портите, таа праша: "Kе има ли мир за Замвриј, убиецот на господарот свој?"
32. Тој ги крена очите кон прозорецот и праша: "Кој е со мене, кој?" И го свртија огледот кон него двајца - тројца дворски слуги.
33. Тогаш тој им рече: "Фрлете ја!" Тие ја фрлија, и крвта и се разлеа по sидот и по коњите, и ја изгазија.
34. И дојде Јуј, јадеше, пиеше и рече: "Најдете ја онаа проклетица и погребете ја, бидејки е царска керка."
35. Отидоа да ја погребаат, но од неа не најдоа ништо, туку само черепот, нозете и шаките од рацете.
36. Се вратија и му соопштија, а тој рече: "Такво беше словото на Господа, што го изрече Он преку слугата Свој Тесвитецот Илија, велејки: ‘Језавелиниот труп ке го изедат кучиња на Језраелското поле.
37. Језавелиниот труп ке биде на Језраелското поле како убре на нива, та никој не ке може да каже: ‘ова е Језавела‘.‘"

  2Kings (9/25)